Познатиот производител на камиони и влекачи, европскиот Scania, најави дека планира да започне тест за можноста да се заштеди гориво кај хибридните камиони влекачи. Заштедата би се направила преку покривање на приколката со соларни панели, нешто што во случај со голема површина и реално може да направи разлика.

Тестирањето од Scania ќе го направат со транспортна компанија клиент од Шведска, а површината која ќе биде покриена со панелите изнесува дури 140 квадратни метри, што може да се спореди со површината на крововите од куќите.

Според информациите, заштедата на гориво може да изнесува од 10 до 15%, нешто што во јужните делови од Европа се очекува да биде дупло повеќе.

Интересно во целиот проект е што од Scania сакаат исто така да се обидат соларните панели да ги користат за генерирање на електрична енергија која ќе се пушта во потрошувачката мрежа, кога приколката не се користи за превоз.

Годишно се очекува дека една вака опремена приколка може да генерира до 14.000 kWh, од каде доаѓа и идејата да се користи за повеќе од само заштеда на гориво при возење.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Scania
Претходна статијаНаредниот Exynos се очекува да има многу подобри перформанси користејќи го новото Cortex-X1 јадро од ARM
Следна статијаШто донесе германското „не“ за нуклеарната енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.