Познатиот кинески производител на смартфони OnePlus, денеска го одржа нивниот онлајн настан на кого го претставија нивното моментално најдобро во понудата. OnePlus 8T е телефонот кој ќе биде главниот од компанијата во наредниот период и доаѓа со доста силни карактеристики, а цена која не надминува 1000 евра.

Корисниците ќе имаат на избор од два модели, со 6GB RAM и 128GB простор за податоци и 12GB RAM и 256GB простор за податоци. Ќе се продаваат по цена од 599, односно 699 евра, почнувајќи од 20-ти октомври во Европа.

Сите карактеристики кај OnePlus 8T се најдоброто што е достапно во моментот, а има и некои работи кои се истакнуваат пред конкуренцијата. Такво е брзото Warp Charge полнење на уредот со 65W со што се овозможува 58% полнење на батеријата со капацитет од 4.500 mAh за само 15 минути, додека целата батерија се полни за 39 минути.

Со ова, истакнуваат од OnePlus, полнењето на уредот навечер кога се спие, веќе не е потребно, но сепак тие вклучуваат доволно сензори за температура, за безбедно полнење со вака силен полнач.

OnePlus 8T доаѓа со 6,55 инчен AMOLED екран со 120Hz стапка на освежување. Ова ќе им овозможи на корисниците навистина „мазно“ искуство, со брзи анимации и промени на екранот, а секако добиваат и тие кои играат игри. Од компанијата истакнуваат дека екранот овозможува голема прецизност на боите, а исто така високо ниво на светлина дури и при користење на уредот надвор.

Како уред од највисоката класа, OnePlus 8T работи на Snapdragon 865 чипот, со поддршка за 5G мрежите, но сепак не сите. Изборот, како што истакнавме и погоре, е помеѓу 6 и 12GB RAM, како и 128 и 256GB простор за податоци.

На предната страна има само мала дупка за камерата и многу мали рамки, додека на задната страна се поставени 4 камери. Овие камери доаѓаат со сензори со 48 мегапиксели за главната, 16 мегапиксели за камерата со широк агол на сликање од 123 степени, 5 мегапиксели за камерата за сликање од блиску, како и црно бела камера со 2 мегапиксели.

Како што најави и директорот на компанијата пред преставувањето, OnePlus 8T доаѓа со посебно развиена зелена боја која треба да овозможи мало гледање на отпечатоците од прстите, иако се работи за сјајна изработка. Покрај зелената, OnePlus 8T доаѓа и со можност за избор на сива боја.

ИЗВОРOnePlus
Претходна статијаAdidas Strung е новиот модел на патики создаден од робот
Следна статијаНаредниот Exynos се очекува да има многу подобри перформанси користејќи го новото Cortex-X1 јадро од ARM
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.