Како што доста време најавуваа, Huawei ја преземаа водечката позиција на пазарот на смартфони за втората четвртина од оваа година, земајќи го местото после долго време од Samsung.

Сепак, ова водство на Huawei остана само во втората четвртина од 2020, па веќе во третата Samsung се враќа на првото место во светот според бројот на продадени смартфони. Huawei со тоа се враќа на второто место со прилично голема разлика во продажбата.

Тоа што е поинтересно е падот на Apple на четвртото место, а третото место го презема кинескиот Xiaomi. Со тоа второто и третото место го држат кинеските производители, а со оглед на популарноста на нивните телефони во светот, тоа воопшто не е чудно.

Причината поради која Samsung падна една позиција минатата четвртина е најмногу поврзана со светската пандемија од која од компанијата одлично се вратија со раст на продажбите од 47%, додека Huawei има пад од околу 7%.

Кај Huawei мора да се истакне дека голем удел во продажбите прави фактот што тие веќе немаат Play Services на нивните уреди, па во голем дел од светот тие или не продаваат телефони или популарноста е падната.

Apple исто така поради пандемијата подоцна ги претстави своите нови iPhone 12, па можеби пореална слика за позициите на пазарот ќе имаме во последната четвртина, односно до крајот на годината.

Информациите за состојбата на пазарот доаѓаат од неколку извори, односно од IDC, Counterpoint и Canalys.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle тестира дел за споредба на апликации во Play Store
Следна статијаГенерирање електрична енергија од брановите на морињата и океаните е најнов начин кој води кон се’ поголемо користење на чиста енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.