nexusae0_SmartEyeglassConcept

Јапонската компанија Sony се придружува на Google со свои нови паметни очила SmartEyeglass. Овој прототип на 3D очила е своевидна копија на принципот на Google Glass и ги има речиси сите сензори што се присутни кај конкурентите од забрзувач, жироскоп, електронски компас, сеонзор за светлина, па се до 3 мегапикселна камера.

Она што е уникатно е всушност надворешното полнењe опремено со дополнителен сензор на допир и микрофон.

Sony прв пат го претставија овој концепт на CES 2014, а компанијата денеска го објави и пакет SDK за развивање на апликации. Интересно е што овие паметни очила функционираат како втор екран на телефон кој работи на Android, прикажувајќи информации директно пред очите на корисникот благодарејќи на мал проектор и холограмски систем.

Погледот што го добивате не е ни приближно како она што го нуди Google Glass. Причината е токму во зелениот монохромен екран на кој се покажуваат информациите како навигација и нотификации.

17375FBC7207C18DEA4C757A88457

Иако се уште како прототип, SmartEyeglass може да се поврзе со голем број на паметни телефони што работат на Android 4.1 па нагоре за да може да покажува холограмски визуелизации преку леќите. Стаклото е дебело само 3 милиметри и дури 85 отсто проѕирно поради што користи значително помалку енергија.

Она што на софтверско ниво е различно со Google Glass е што апликациите нема да бидат директно инсталирани во очилата туку ќе користат bluetooth за да се поврзат со телефонот. Од Sony се надеваат дека овој прототип ќе почнат да го продаваат во март 2015 година.

Извор: Engadget

Претходна статијаPORTAL: ТOR приватност во вашиот џеб
Следна статијаMatter ги претвора вашите фотографии во футуристички уметнички дела