matter-image

Matter е иновативна нова апликација за iPhone и iPad која ви овозможува да прикачувате и манипулирате со 3D објекти со кои им давате на вашите фотографии импресивни специјални ефекти налик тие од научно-фантастичните филмови. Ова Matter го постигнува со интелигентно применување на сенки и рефлексии компатибилни со вашата фотографија. На овој начин, 3D објектите изгледаат како да се природно слеани на вашата фотографија.

За да започнете, треба да прикачите фотографија од вашиот iPhone или да направите фотографија употребувајќи ја самата апликација. Ако ниту една од вашите слики не изгледа како што сакате, тогаш Matter ви овозможува да изберете некој од објектите (subject matter) креирани од други корисници, преку „Free for all“ опцијата, која содржи фотографии слободно достапни за употреба, со дозвола од авторот. Единствениот услов при објавувањето на вашето уметничко дело е да се наведе името на авторот на фотографијата.

Апликацијата содржи четири збирки на почетни теми меѓу кои Organic, Poly on Fire, Primitives и Structures. Овие збирки им нудат на корисниците вкупно 64 различни објекти кои може да се вклопат во вашите фотографии. Matter дозволува и вметнување на анимирани ефекти (пр. GIF) во фотографиите, правејќи ја уште поинтересна за нејзините корисници.

Фотографиите создадени со Matter можат лесно да се споделат преку социјалните мрежи, да се префрлат во други апликации за уредување на фотографии на iPhone и iPad, како и на Instagram или пак можете истите да ги зачувате на вашиот уред.

Креатор на Matter е Pixite, дигитално студио за создавање на апликации на iOS. Апликацијата е достапна за 1,99 долари на App Store за iPhone и iPad со iOS 7 или неговите понови верзии.

Извор: 9to5mac, Wired

Претходна статијаSmartEyeGlass, прототип за 3D паметни очила на Sony што ветува многу
Следна статијаNvidia ги претстави моќните графички картички GTX 970 и GTX 980