Станува збор за хардверски уред (рутер) кој го принудува целиот интернет сообраќај да биде испратен преку Тоr мрежа. Ова значајно ги зголемува шансите Tor да биде користен ефективно и ја намалува можноста да се направат фатални грешки.
PORTAL (Personal Onion Router to Assure Liberty) беше првично креиран пред две години од страна на добро познатиот истражувач на безбедноста познат како Grugq. Неодамна тој доби двајца соработници: Ryan Lackey, сигурносен инженер во CloudFlarе, и Marc Rogers, водечки истражувач на безбедност во Lookout Security.
Триото работи на прилагодување на оригиналниот код за да PORTAL биде подостапен за корисниците, а во план се и понапредни функционалности. Lackey сега за сега тврди дека тимот не планира отпочнување на бизнис, туку има за цел да продава патни рутери со однапред инсталиран ваков софтвер.
Тor или Тhe Onion Router, е мрежа дизајнирана да го анонимизира интернет сообраќајот. Бесплатниот софтвер е дизајниран за да им овозможи на корисниците да сурфаат анонимно така што нивните активности и локација не можат да бидат откриени од владини агенции, корпорации или било кој друг.
Постојат повеќе начини да се пристапи до Tor, но PORTAL е значаен бидејќи работи со сетапот што корисникот веќе го употребува и самото поврзување на рутерот ги скратува така наречените OPSEC грижи.
Постојат два начини за конструирање PORTAL. Препорачаниот начин е со користење на модифициран рутер поради големата флексибилност за интернет конективност (wifi или 3G) како и осигурување дека Tor процесот ќе има доволно RAМ за да работи. Вториот начин е стандарден рутер со microSD за дополнителен мемориски простор. Ова дозволува да повеќе microSD картички обезбедат различни конфигурации, но неопходен е 3G модем и вграден microSD слот.
Главниот недостаток е што PORTAL моментално не е хардверски производ, туку е Github download кој мора да се користи со TP-Link компатибилен џебен рутер. Двата преферирани рутери за користење се TP-Link MR11U и TP-Link WR703N. Овие модели имаат 8GB флеш меморија и 64GB RAM, што е два пати повеќе од другите поддржани модели
Извор: Engadget