На својот Unleashed настан кој Apple го одржа вчера, како што се очекуваше и шпекулираше, беше претставена нова генерација од MacBook Pro лаптоп компјутерот, како и нова генерација од M1 чипот од компанија кој сега има две верзии.

Новиот MacBook Pro доаѓа со избор од 14 и 16 инчни модели, а најважно од се ќе работи на новите M1 Pro и M1 Max чипови од Apple кои доаѓаат со големи подобрувања во перформансите од ланскиот и прв од компанијата M1 чип.

Уште една работа привлекува доста внимание, која Apple не ја истакнува многу, а тоа е додавањето на исечок во средината на горниот дел од екранот, исто како кај мобилните. Оваа одлука од Apple е критикувана од некои, а посебно поради тоа што се користи исечок само за поставување на камерата и микрофонот, односно не е додаден и Face ID како што е случајот кај iPhone, со што се доведува во прашање потребата од еден ваков додаток.

Како и да е, исечокот сепак прави да новиот MacBook Pro има доста мали рамки, нешто што веќе е стандарден тренд кај повеќето поскапи модели на лаптоп компјутери. Исечокот е направено да кога апликација се користи на целиот екран да не се гледа, односно на горниот дел се вклучува црна лента, но програмерите ќе можат да направат нивните апликации сепак да го искористат целиот екран.

Екранот кај MacBook Pro исто така доаѓа и со 120 херци стапка на освежување, поточно исто како кај iPad Pro и кај новите iPhone 13 Pro модели, со прилагодлива стапка која варира зависно од моментално вклучената апликација и начинот на користење на компјутерот од страна на корисникот.

Секако од Apple посебно внимание посветуваат на новите M1 Pro и M1 Max чипови кои треба да му донесат на MacBook Pro големо подобрување на перформансите во споредба со претходните модели, а посебно тие кои работат на чиповите од Intel.

Двата чипа доаѓаат со истиот процесор кој има 10 јадра, а се разликуваат во графичките перформанси, како и брзината на комуникација на меморијата.

Со чиповите кои ги развива Apple, меморијата која може да се вклучи по избор се истакнува како комбинација за процесорот и графиката, па така M1 Pro може да има до 32GB унифицирана меморија, додека M1 Max до 64GB.

Карактеристично за Apple, посебно внимание посветуваат на споредба на нивните уреди со конкуренцијата, но со оглед на тоа дека тие не даваат некои конкретни конфигурации, а конкуренцијата има огромен избор, споредбата не може да се смета за нешто посебно меродавна.

Сепак, повеќе од јасно е дека Apple разви чип кој одлично конкурира на тие од Intel, а поради тоа што се работи за ARM чип, корисниците ги добиваат предностите на помала потрошувачка, брзина на продолжување со работа и тивка работа.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ги претстави M1 Pro и M1 Max – два нови чипови наследници на ланскиот M1 развиен од компанијата
Следна статијаApple ја претстави третата генерација од AirPods слушалките со „просторно“ аудио и освежен изглед
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.