Apple минатата година го претстави својот прв чип развиен во компанијата, М1 и тој досега ги доби едни од најдобрите оценки во својата категорија. Ова секако е проблем за Intel со кои Apple се помалку ќе има соработка, а денес од компанијата претставија два нови чипови кои ќе се користат во нивните Mac компјутери.

На Unleashed настанот кој се одржа денес, беа претставени новите M1 Pro и M1 Max чипови кои ја продолжуваат транзицијата на Apple кон целосно користење на чипови развиени во компанијата. Останува само да видиме дали Apple ќе се задржи само на развој на ARM чипови, со што ќе мора во своите најсилни модели да продолжи да користи чипови од Intel или ќе биде претставен и x86 чип во иднина.

Новите M1 Pro и M1 Max работат на истиот процесор, а се разликуваат во графичкиот кој во Max верзијата е посилен. Процесорот кај овие два чипа е со 10 јадра од кои 8 се јадра за посилни перформанси, а 2 за заштеда на енергијата.

Од Apple истакнуваат дека новите чипови се за 70% побрзи од првиот M1 чип кога е во прашање процесорот, додека графичкиот процесор е за два пати побрз кај M1 Pro, а кај M1 Max за четири пати побрз од М1 од минатата година.

Карактеристично за Apple, тие прават споредба со конкурентни PC компјутери, но без истакнување на некој конкретен производител или конфигурација, па според нив нивните нови чипови имаат доста подобри перформанси, додека во исто време трошат помалку енергија.

На пример, M1 Pro чипот според Apple во споредба со осум јадрен PC компјутер, работи до 1,7 пати побрзо со трошење на 70% помалку енергија. Кога е во прашање графичкиот чип, се тврди дека M1 Pro е седум пати побрз од PC со интегрирана графичка.

За новите M1 Pro и M1 Max се истакнува дека овозможуваат и одлични перформанси при енкодирање на видео содржина, поддршка за повеќе екрани со висока резолуција, а сето тоа со помала потрошувачка.

Апликациите кои мора да бидат прилагодени за да работат на ARM чиповите од Apple истакнуваат дека веќе ги има над 10.000, а од компанијата ги нарекуваат слично како што беа кај Windows 10, односно универзални апликации.

ИЗВОРApple
Претходна статијаДостапен Ubuntu 21.10 како одлична алтернатива за корисниците
Следна статијаНовиот MacBook Pro доаѓа со M1 Pro и M1 Max чиповите од Apple и има исечок на екранот како кај мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.