Canonical стандардно за овој период од годината ја пушти наредната верзија од Ubuntu, 35та по ред. Ubuntu 21.10 го носи името „Impish Indri“ што претставува еден вид на Лемур, a impish означува „ѓаволски“ однос, кратко кажано.

Оваа верзија, карактеристично за втората во годината, не доаѓа со долгорочна поддршка, што значи дека корисниците на оваа верзија ќе имаат поддршка во наредните девет месеци. Компаниите кои повеќе се заинтересирани за LTS верзијата, наредната верзија може да ја очекуваат во првата половина на идната година.

Ubuntu 21.10 не донесува некои значителни новини, односно оваа верзија донесува подобрување кај перформансите, нешто што според некои е значително подобро, како и понови верзии од Linux кернелот и апликациите.

Главната новина кај оваа верзија може да се каже дека е GNOME 40 десктоп околината. Canonical веќе неколку години во главно ја користи оваа десктоп околина на која претходно правеше многу повеќе сопствени измени.

Со Ubuntu 21.10 доаѓа и верзија од Firefox која е направена со системот од Canonical замислен да може да функционира на повеќе верзии од оперативниот систем, без потреба од посебни измени. Ова од тестовите што ги видовме донесува мало забавување на брзината на првото вклучување на Firefox, што некои корисници може да ги разочара.

Со оглед на тоа дека Linux дистрибуциите сепак не успеваат да земат поголем дел од пазарот кај приватните корисниците, Ubuntu останува оперативен систем кој е наменет за компаниите, програмерите и слично, но сепак мора да се истакне и како една од подобрите алтернативи за корисниците кои веќе не сакаат да бидат на Windows. Ова посебно може да се покаже како одлично одлука за корисниците на постари компјутери кои со Ubuntu ќе добијат доста подобри перформанси при работата.

Претходна статијаФИТР ја креира првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во земјата
Следна статијаApple ги претстави M1 Pro и M1 Max – два нови чипови наследници на ланскиот M1 развиен од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.