На вчерашниот Apple настан од компанијата ја претставија и третата генерација од нивните познати AirPods безжични слушалки. Секако најдобриот избор за корисниците се AirPods Pro слушалките, но овој основен модел овозможува дел од карактеристиките на поскапиот, за корисниците кои сакаат да платат помалку.

Новите AirPods, исто како и претходната генерација, за жал немаат активно поништување на бучавата, па корисникот доста ќе зависи од доброто вметнување на слушалките во увото.

AirPods сепак добиваат една карактеристика која досега беше достапна само кај Pro моделот, а тоа е просторно аудио со динамично следење на движењето на главата.

Од Apple го истакнуваат одличниот квалитет на звукот по кој се познати AirPods слушалките со посебно развиен HDR засилувач, микрофон покриен со посебен слој за намалување на звуците како тие од ветер, како и AAC-ELD кодек за говор кој овозможува висок квалитет при користење на слушалките за аудио и видео повици.

AirPods исто така имаат и прилагодлив „еквилајзер“ кој ги прилагодува звуците зависно од тоа како слушалките „пасуваат“ во увото на корисникот.

Промената во изгледот кај новата генерација од AirPods вклучува намалување на „стеблото“ на слушалките, нешто што е карактеристичен изглед на слушалките од Apple, со што треба да се добие и поголема удобност при носењето.

Слушалките овозможуваат околу 6 часа на слушање на музика, а заедно со кутијата тие може да бидат независно до 30 часа. Отпорноста на пот е исто така тука, нешто што е и доста важно со оглед на тоа што слушалките многу често се користат при вежбање.

ИЗВОРApple
Претходна статијаНовиот MacBook Pro доаѓа со M1 Pro и M1 Max чиповите од Apple и има исечок на екранот како кај мобилните
Следна статијаДали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.