LG_NUCLUN_02

LG оваа недела претстави нова верзија од својот најнов модел G3, наречена G3 Screen. Многумина го нарекуваат директна конкуренција на новиот Nexus 6 и модел со кој што LG сака да покаже како би изгледал овој Google брендиран мобилен доколку повторно тие беа избрани како производител.

Сепак главната вест не е претставувањето на LG G3 Screen, туку првиот чипсет направен од страна на компанијата. LG планира да почне да претставува уреди со чипсет кој што тие го прават, наместо со познатите од Qualcomm на пример. Сепак уште не е познато дали овие уреди ќе бидат продавани и во остатокот од светот или само во Кореа, каде што моментално е достапен G3 Screen.

Чипсетот на кој што работи G3 Screen е наречен NUCLUN и доаѓа со ARM big.LITTLE технологијата која што треба да овозможи ефикасност на уредот при разните режими на негово користење. NUCLUN доаѓа со осум јадра од кои што четири се 1.5GHz ARM Cortex A-15 јадра и се наменети за работите кои што бараат поголема процесорска моќ, како и четири 1.2GHz ARM Cortex-A7 јадра кои што се наменети за послабите работи на уредот.

LG_NUCLUN_03

Што се однесува до другите карактеристики на LG G3 Screen, тој доаѓа со следните:

  • 9 инчен Full HD IPS екран
  • 32GB меморија за складирање со можност за проширување со MicroSD картица до 128GB
  • 2GB RAM меморија
  • 13MP задна камера OIS+ и 2.1MP предна камера
  • 3.000mAh батерија
  • Android 4.4 KitKat оперативен систем
  • 157,8 x 81,8 x 9,5mm димензија и тежина од 182g
  • LTE-A Cat.6 до 225 Mbps download
  • Црна и бела боја

Како што напишавме погоре, LG G3 Screen на почетокот ќе биде достапен за корисниците на Кореа, а не е познато дали и кога би била претставена интернационална верзија. Се верува дека LG може да направи како што прави Samsung, па доколку претстави интернационална верзија истата да не работи на нивниот чипсет туку на некоја од тие на Qualcomm.

Извор: Greenbot, AndroidCentral, LG

Претходна статијаNIGHT Cable ќе го задржи вашиот кабел на работната маса
Следна статијаStephen Hawking се приклучи на Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.