Без многу помпа и организирање на посебен настан, Google денеска претстави три нови уреди заедно со најновата верзија од Android, официјално наречена Android Lollipop. Дека овие работи ќе бидат претставени беше неофицијално најавено пред одреден период, па како и обично информациите се потврдија. Официјално, Google денеска ги претстави најавените Nexus 9 таблет направен од HTC, Nexus 6 паметен телефон направен од Motorola, а беше претставен и првиот уред кој што работи на новата Android TV платформа, Nexus Player. Сите најавени уреди, се разбира, работат на исто така денеска претставената официјална верзија на Android 5.0 Lillipop.

Lollipop Forest

Android 5.0 Lollipop

Ова е финалната верзија од досега нарекуваниот Andord L кој што беше достапен во бета за програмерите и напредните корисници. Оваа верзија иако вклучува огромен број на заднински подобрувања, како и 5000 нови API алатки за програмерите, најмногу е позната за обичните корисници по новиот дизајн. Наречен Material Design, оперативниот систем сега вклучува нови и подобри анимации, рамен дизајн стил, како и поголем акцент на боите.

За корисниците на некој од постарите Nexus уреди се очекува да биде официјално достапен за надградба во наредните неколку недели. Што се однесува до другите уреди, како и обично остануваат на милоста на производителот и операторот, па останува подобра можност да купите нов уред во наредните месеци.

N6-moreeverything-767

Nexus 6

Оваа верзија од Nexus серијата можеби на доста корисници нема да им се допадне, пред се поради големиот екран кој што го става во категоријата на телефон/таблет, односно phablet. Покрај тоа, останатите карактеристики на уредот се одлични и ги вклучуваат повеќето достапни и најнови компоненти. Па така, Nexus 6 доаѓа со следните карактеристики:

  • 5,96 инчен QHD AMOLED екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и нивна густина од 493 ppi. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 3
  • Димензии од 82,98 mm x 159,26 mm x 10,06 mm и тежина од 184 грама
  • Работи на Qualcomm Snapdragon 805 чипсетот кој што ги вклучува Quad core Krait 450 CPU 2.7GHz процесорот и Adreno 420 графичкиот процесор
  • Доаѓа со избор од 32GB и 64GB на внатрешна меморија без можност за додавање на SD картица. RAM меморијата е со 3GB
  • Задната главна камера е со 13 мегапиксели, двоен флеш, оптичка стабилизација на сликата, f/2.0 aperture и можност за снимање на 4К видео со 30 fps
  • Предната камера е со 2 мегапиксели и можност за HD видео разговори
  • Батеријата е со капацитет од 3.220 mAh и од Google истакнуваат дека ќе може да издржи еден ден работа. Доаѓа со можност за брзо полнење кое што овозможува до 6 часа на работа со 15 минутно полнење
  • Работи на Android 5.0 Lollipop

N9-grid1-1600

Nexus 9

Како што се очекуваше, новиот Nexus таблет овој пат е направен од страна на HTC. Дизајнот може да се каже дека е веќе познат поради повеќето слики кои што можеа да се видат во изминатиот период. Уредот претставува комбинација на стилот на HTC со барањата на Google за нивните Nexus уреди. Што се однесува до каратеристиките, Nexus 9 доаѓа со следните:

  • 8,9 инчен IPS LCD екран со резолуција од 2048×1536 пиксели и нивна густина од 281 ppi
  • Димензиите изнесуваат 153,68 mm x 228,25 mm x 7,95 mm, а тежината 425 грама
  • Работи на Nvidia Tegra K1 чипсетот со 64-битниот Quad-core 2.3 GHz Denver процесор и Kepler DX1 графички процесор
  • Може да се избере помеѓу 16 GB и 32 GB на внатрешна меморија, а вклучува и 2 GB RAM меморија
  • Задната камера е со 8 мегапиксели, а предната со 1,6
  • Батеријата е со капацитет од 5,700 mAh
  • Работи исто така на најновиот Android 5.0 Lollipop

player-hero-1600

Nexus Player

Овој уред можеби беше најмалку очекуван, а разбирливо и интересот за овој тип на уреди е помал од тој за паметните телефони и таблет компјутери. Nexus Player во основа претставува првата конзола која што ќе работи на Android TV. Овој тип на уреди полека стануваат се повеќе популарни, посебно во западните земји каде што и можат да се користат повеќето видео сервиси кои што доаѓаат со нив како, Netflix, Hulu, сервисите од самиот производител и слични. Nexus Player може да се користи за гледање на видео содржина, а покрај тоа може да се користи и како играчка конзола. Со него доаѓаат далечински управувач и контролер за играње на игрите. Поради тоа што Android TV е изменета верзија од Android оперативниот систем, значи дека доаѓа со достапност на голем број на апликации, а повеќе се очекува да бидат прилагодени со тек навреме.

Претходна статијаЕлон Маск е загрижен дека човештвото може да заврши во спам-филтерот на идната ВИ
Следна статијаFacebook Safety Check, едноставен начин да покажете дека сте добро после некоја природна непогода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.