l-dev-prev

Google ја претстави наредната верзија од моментално најкористениот мобилен оперативен систем Android, кој што го носи името Android L во Јуни оваа година. Достапен за програмерите и корисниците во тест верзија за одредени уреди, најавено беше дека официјално ќе биде достапен од оваа есен. Од Google се’ уште официјално немаат најавено точно од која дата оваа есен ќе ја пуштат финалната верзија, па затоа останува да се свртиме кон неофицијалните информации кои што најчесто се покажуваат како точни.

Па така, според информациите до кои што може да се дојде од разни извори, Android L ќе биде официјално пуштен до 1-ви Ноември оваа година. Како и обично први кои што ќе можат да ги надградат своите уреди се корисниците на Nexus уредите и слични кои што функционираат на таканаречената „vanilla“ верзија од оперативниот систем. Останатите како и до сега ќе чекаат на производителот на нивниот уред, како и мобилниот оператор во земјата.

Исто така за оваа година неколку пати неофицијално се најавува и наредниот Nexus таблет компјутер, наследник на Nexus 7 од минатата година. Според неофицијалните информации, производителот на наредниот Nexus треба да биде HTC и овој пат таблетот ќе има 9 инчи, наместо досегашните 7 на неговите два претходника. Најновите информации кои што доаѓаат од познатиот Android Authority портал, говорат дека официјалното претставување на HTC Nexus 9 ќе се случи некаде во половината на идниот месец, односно на 15 или 16 Октомври. Информациите ги имаат добиено од одреден програмер за кого истакнуваат дека е почитуван во заедницата и дека не би ги давал овие информации доколку не сметал дека се точни.

Оваа година исто така се очекува претставување и на уште една генерација од Nexus мобилен телефон, односно Nexus 6. Уредот овој пат се очекува да биде направен од страна на Motorola, а треба да вклучува поголем екран од околу 6 инчи, но сепак оставен е простор и за помал.

Извор: Android Authority, Greenbot

Претходна статијаFacebook даде дополнителни информации за нивниот Интернет преку беспилотни летала проект
Следна статијаКамерата на iPhone 6 со iOS 8 не ги достигнува очекувањата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.