lg-g3-1

Со доминацијата на Samsung на пазарот на паметни телефони кои што работат на Android, добро е што во последните година дена LG успешно почнува да се спротивставува на оваа ситуација. LG G2 е еден од најдобрите паметни телефони без разлика на кој оперативен систем работат, а тоа најдобро го знаат и големиот број на негови корисници.

Денеска на настан кој што се одржа во Лондон, LG го претстави наследникот, наредната генерација од својот главен модел, предводник во класата, LG G3. Иако на претставувањето претходеа голем број на неофицијални информации кои што во главно ги открија карактеристиките на уредот, сепак официјалните претставувања се интересни за гледање и на нив може да се видат сите карактеристики објаснети до секој детаљ.

Она што беше забележливо на презентацијата беше големата употреба на зборот „Едноставно“, кој што упатуваше до слоганот на овој нов модел „Едноставното е новото паметно“. Дали LG G3 е навистина толку едноставен ќе кажат корисниците, меѓутоа сепак на крајот се сведува на работа на маркетинг секторот кој што се труделе некако да го издвојат телефонот од останатите.

Како што можеше да се види и од презентацијата, три карактеристики се главните нови карактеристики кои што треба да ги привлече корисниците. Тоа се екранот, дизајнот и камерата. Мора да се признае дека ова се карактеристики кои што од LG навистина успеваат да ги направат одлични и го издвојуваат и претходниот модел.

Екранот на LG G3 е True HD-IPS + LCD и доаѓа со големата резолуција од 2560 x 1440 пикесели кои што се поставени на големина од 5,5 инчи со што се добива густина на пикселите од 534 ppi. Како и претходниот модел, така и G3 има еден од најдобрите екрани на пазарот, а можеби е и најдобриот. Како заштита екранот е направен со Gorilla Glass 3, што веќе се подразбира за новите модели претставени оваа година.

LG G3 доаѓа со стандардно две камери, односно задна со 13 мегапиксели и предна со 2.1 мегапиксел. Она што е интересно кај главната камера на G3 е најавеното ласерско автоматско фокусирање на сликата, што овозможува сликање на чисти слики со голема брзина, односно без потреба од чекање и местење на сликата додека истата се фокусира. Задната камера исто така снима видеа со резолуција од 2160p@30fps, како и 1080p@60fps.

lg-g3-3

Што се однесува до дизајнот, LG G3 ги задржува помалите рамки на уредот околу екранот што го прават многу помал од другите уреди со истата големина на екранот. Оваа карактеристика исто така го прави уредот да изгледа многу поубаво и нестандардно. Уредот е направен од поликарбонат со специјален слој кој што остава впечаток и чувство слично на метал. Доаѓа со димензии од 146.3 x 74.6 x 8.9 mm и тежина од 149грама.

lg-g3-4

Од остатокот од карактеристиките, LG G3 доаѓа со Qualcomm Snapdragon 801 чипсет, односно четири јадрениот процесор Krait 400 кој што работи на 2,5 GHz и Adreno 330 графички процесор. Уредот нуди избор од два модели врз основа на меморијата, па така моделот со 16GB внатрешна меморија за складирање доаѓа со 2GB RAM меморија, додека моделот со 32GB внатрешна меморија доаѓа со 3GB RAM меморија. Исто така доаѓа со одлична батерија со капацитет од 3.000 mAh.

LG G3 работи на најновата верзија од Android оперативниот систем, односно 4.4.2 KitKat, на која што е поставена целосно редизајнирана верзија од Optimus UI корисничкиот интерфејс. Optimus UI интерфејсот е направен во модерниот рамен стил, а доаѓа и со нови можности на вклучените функции и апликации, кои што посебно ќе ги претставиме во наредните денови. Доаѓа со избор од три бои, односно црна, златна и бела.

lg-g3-2

Уредот треба да биде достапен во Европа почнувајќи од Јуни, по што може да се очекува набрзо да биде достапен и во Македонија.

Претходна статијаГледајте го претставувањето на LG G3 во живо
Следна статијаMicrosoft претстави преведувач на повиците на Skype
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.