1990023_orig

Познатиот теоретски физичар, кој боледува од сега веќе познатата ALS болест за која што се собираат средства преку Ice Bucket предизвикот, Stephen Hawking, оваа недела стана еден од огромниот број на Facebook корисници. Воопшто нема да ве изненади што тој досега има повеќе од 1 милиони фанови на кои што им ветува дека со нив ќе ја споделува неговата работа околу откривањето „зошто универзумот постои“.

Отсекогаш се имам прашувано зошто постои универзумот. Времето и просторот можеби засекогаш ќе останат мистерија, но тоа не ја спречи мојата потрага. Нашата поврзаност еден со друг е порасната бесконечно и сега кога ја имам шансата, нестрплив сум да го споделат ова патување со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас засекогаш ќе бидам.

Добредојдовте и ви благодарам што ја посетивте мојата Facebook страна. – SH

10688144_713573255396441_5181937055611065810_o

Stephen Hawking е роден во Оксфорд на 8-ми Јануари 1942 година. Тој е теоретски физичар, космолог и директор на истражувањата во Центарот за теоретска космологија при Кембриџ Универзитетот. Се смета за еден од најпаметните луѓе во светот и има еден од најголемите придонеси во неговата област.

Извор: The Verge, Facebook

Претходна статијаLG го претстави G3 Screen, првиот мобилен кој што го користи нивниот NUCLUN чипсет
Следна статијаНаправена е мала 3Д слика од Универзумот од пред 10,8 милијарди години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.