ideacentre-610s-with-optional-wireless-projector-1

Најголемиот кинески производител на компјутери дефинитивно е заљубен во проекторите – досега веќе лансираа таблет со Android со вграден проектор и таблет/лаптоп со Windows со можност за вградување на проектор, а сега еве и десктоп компјутер со истата можност.

Идејата е едноставна – за да работите на овој компјутер нема да ви треба монитор. Секако, долгото користење на проекторот не е претерано препорачливо – ламбите немаат премногу долг век на траење.

ideacentre-610s-with-optional-wireless-projector-detached-1

Тоа не значи дека не може да се користи за гледање филмови, секако – проекторот има HD резолуција од 1280х720 пиксели и светлина од 220 анси-луменси, а може да проектира слика со големина од 100 инчи во дијагонала на далечина од 2,4 метри. Посебен проектор нормално дека ќе има прилично подобра слика, а особено поголема светлина, но и овој треба да е доволен за гледање филмови или играње игри навечер (односно во затемнета соба).

Самиот компјутер има прилично моќни компоненти – Intel Core i7 процесор, NVidia GTX7 50ti графика со 2 GB рам меморија и 16 GB рам меморија. Доволно за играње на сите помодерни игри на фул графика на резолуцијата на проекторот.

Покрај моќните перформанси и можноста за проектирање на сликата, импресионира и дизајнот на компјутерот – многумина го поврзуваат со “Dalek”, злобните од серијалот “Doctor Who”, со што целосно ќе се сложам и тоа особено кога проекторот е вграден на куќиштето (може да се извади).

Цената на овој интересен десктоп компјутер изнесува 849 долари заедно со проекторот, што е коректно – за истите пари реално може да изградите свој десктоп со вакви перформанси, но без проекторот.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаToshiba dynaPad е супер тенок и евтин Windows 10 таблет/лаптоп
Следна статијаЗаканата од ВИ – дел 1 – вовед