rc-family-nuc-frontangle-blue-16x9.png.rendition.intel.web.480

Мини серијата на десктоп компјутери на Intel, која го носи името NUC mini, наскоро треба да биде целосно освежена. Најголема промена ќе биде секако употребата на новата серија на Broadwell процесори, кои ветуваат подобрени перформанси во однос на Haswell, но и драстично намалена потрошувачка на електрична енергија.

За прв пат во оваа серија на компјутери, Intel ќе вградува i7 чип, за разлика од претходникот, кој во најмоќната верзија доаѓаше со i5 чип. Ова треба да овозможи малку посериозна работа, како едитирање на видео, иако, според информациите се работи само за i7-5557U моделот, кој е верзија со помала волтажа, наменета за лаптопи. Покрај него, во понудата ќе влезат и Core i5-5250U и Core i5-5300U процесорите, како и основната верзија со Core i3-5010U процесорот.

Сите модели ќе може да се конфигурираат со максимум 16 Gb рам меморија, 2.5 инчен хард диск, M.2 SSD диск во посилните верзии, вграден Wi-Fi 801-11ac приемник, како и 4 USB 3.0 слотови за приклучување на надворешните уреди. i5 верзиите доаѓаат и со вграден е mini-HDMI 1.4 порт, кој ќе ја користи најновата HD Graphics 6000 на Intel, која треба конечно да понуди посериозна графика за гејмерите.

Од фотографијата може да се види дека ќе има две големини. Помалиот ќе биде наменет за корисниците кои не планираат многу надградби и нема да може да се понуди со 2.5 инчниот хард диск, кој е евтино решение за поголем простор за податоци, додека вториот е за оние кои планираат да ги подобрат перформансите во иднина и ќе се нуди исклучиво со i5, односно i7 процесори.

Поголемиот од двата нови NUC mini, ќе доаѓа и со специјална vPro заштита на податоците и ќе биде пред се наменет за бизнис корисниците, додека помалиот ќе биде наменет за домашните корисници. Се уште немаме информации за цените на новите Intel-ови мини компјутери, но заинтересираните можат да се информираат на официјалниот сајт на продуктот.

Извор: ZDNet

Претходна статијаSamsung и Apple во борба за првото место на производител на паметни телефони
Следна статијаЖена која е практично слепа за прв пат го гледа своето бебе со електронските очила eSight