hp-elitebook-folio-1020-bo_02-680x441

Секој подобар познавач на ексклузивната аудио опрема ќе го препознае данскиот производител Bang&Olufsen, кој важи за производител на исклучително квалитетни компоненти, но е особено познат по безвременскиот дизајн и многу прецизната изработка.

Во соработка токму со овој ексклузивен производител на аудио компоненти, HP ќе лансира нов лаптоп со Windows 10, кој е подобрена верзија на Folio 1020. Се работи за ултра тенок лаптоп, со големина на екранот од 12,5 инчи во дијагонала, наменет за оние на кои преносливоста и малите димензии им се најважни.

Bang&Olufsen верзијата ќе има специјално развиени аудио компоненти од данскиот производител и ќе биде наменета за оние кои сакаат да извадат максимум од звучниците на својот лаптоп. Во прилог на ова оди и Intel Core M процесорот во внатрешноста, кој нема потреба од ладење, односно на лаптопот воопшто нема кулер кој би го попречил кристално чистото слушање музика.

hp-elitebook-folio-1020-bo-680x369

Покрај звучниците, Bang&Olufsen преработката продолжува дури и кај микрофоните и камерата, што треба да го подобри искуството при Skype разговори и конференции. Однадвор, лаптопот пак ќе биде препознатлив по златеникаво – бронзената боја на логото и делот каде се спојува екранот за телото, како и специјалната темно сива „пепел“ боја.

Засега не е позната цената на Folio 1020 Bang&Olufsen, но не би било чудно да е и повеќе од 200 долари поскапа од истиот лаптоп без подобрените аудио компоненти. Она што е сигурно е дека уредот ќе биде лансиран наскоро со вграден Windows 10, заедно со HP Pro Tablet 608, кој е мини таблет со големина од 7,9 инчи и новиот оперативен систем на Microsoft, наменет за професионалците и бизнис корисниците.

Наредниве неколку недели можеме да очекуваме и многу повеќе нови модели на лаптопи, таблети и лаптоп – таблети, а поради лансирањето на Windows 10 на 29 Јули.

Извор: Liliputing, ZDNet

Претходна статијаПрви фотографии од мини верзијата на Samsung Galaxy S6
Следна статија7 апликации кои ќе ве направат ултра продуктивни