galaxy-s6-mini

Корејскиот производител повторно се врати на насловните страни со новата S6-ка, пред се благодарение на промените во дизајнот и премиум изработката. Како и со секој нов Galaxy S телефон и сега ќе има помала, мини верзија, која треба да дебитира наскоро, односно уште наредниот месец.

Големината на екранот на Galaxy S6 Mini ќе биде 4,7 или 4,6инчи во дијагонала, што особено ќе им се допаѓа на оние со помали дланки. Резолуцијата на екранот е најавена како 720p, односно 1280х720 пиксели, што е мало разочарување, но има можност дисплејот да има и 1080p резолуција, како што одговара на телефон од оваа класа.

galaxy-s6-mini-2-640x429

Чипсетот одговорен за мазно движење низ оперативниот систем и апликациите ќе биде Snapdragon 808, кој има шест јадра и кој веќе се покажа како одличен во LG G4. Процесорот ќе биде помогнат од 2 GB рам меморија, што е во рамките на класата, додека камерата веројатно ќе има 15 мегапиксели.

Однадвор, дизајнот на телефонот е скоро еднаков на Galaxy S6, со метална рамка од страните и Gorilla Glass стакло во предниот и задниот дел. Дури и отворот за звучникот, копчињата и приклучоците се поставени на истото место како кај поголемиот брат.

galaxy-s6-mini-3-640x496

Според гласините, Galaxy S6 Mini треба да биде претставен на 12 Август, заедно со новиот Galaxy Note 5, но и Galaxy S6 Edge+. За најмалиот член на фамилијата “Galaxy S” не е најавена Edge верзија, со заоблен дисплеј на краевите, но тоа е и очекувано, бидејќи таков модел би имал многу повисока цена и ќе навлезе во класата повисоко.

Извор: Ubergizmo, GSM Arena, Android Authority

Претходна статијаMugen понуди 6.200 мАч батерија за вашиот LG G4
Следна статијаЛаптоп за вистинските аудиофили – HP Elitebook Folio 1020 Bang&Olufsen