Фото: © Sergey Guneev / Sputnik
Фото: © Sergey Guneev / Sputnik

Претседателот на РФ, Владимир Путин, изрази „загриженост“ од динамичниот развој на популарната AI технологија, прашувајќи го првиот човек на рускиот гигант Yandex, Аркадиј Волож, колку време е преостанато пред AI „да не изеде?“, пренесува руската државна телевизија RT.

Рускиот претседател го прекинал излагањето на Волож, во кое тој ги објаснувал потенцијалите на AI технологијата, со прашањето на кое првиот човек на Yandex, веројатно најмалку го очекувал. По куса пауза, Волож одговорил дека се надева дека никогаш нема да дојде до таква ситуација, со аргументот дека машините се подобри од луѓето, во многу области.

Волож ќе објасни дека машините се често поефективни од луѓето, а како пример ги наведува машините за ископување, кои, како што е познато се подобри копачи од луѓето, а сепак се нема случено машина за ископување да изеде човек…

Ова и понатаму не бил доволно добар аргумент за првиот човек на Русија, кој се приклучи на големиот број влијателни индивидуи кои предупредуваат на енормните ризици од злоупотребата на оваа технологија. Претходно, Елон Маск беше најгласен на оваа тема, додека во претходните изјави Путин искажуваше поголемо ниво на оптимизам.

Во своите претходни излагања врзани за оваа тема Путин се обврза дека доколку Русија, под негово водство, стане лидер во развојот на AI, тоа ќе биде споделено со остатокот од светот, на истиот начин како што е споделена нуклеарната технологија во претходниот век.

Извор: IBTimes, RussiaToday

Претходна статијаuTalk програма за модерно и брзо учење на странски јазици
Следна статија„Check for updates“ копчето на Android веднаш ќе ја овозможи достапната надградба