Еден од најпаметните и највлијателни поединци на денешницата, Елон Маск, се осврна на темата која често, се чини, го мачи неговиот бесконечен ум. Имено, се работи за неговата загриеженост, страв, па според некои дури и параноја, од ризиците кои произлегуваат од развојот на вештачката интелигенција(AI).

Попрецизно, Маск во неколкуте твитови кои ги размени со дел од своите „следбеници“ се обиде да го аргументира сопствениот страв, базиран на информациите и знаењата кои тој ги поседува.

Маск ќе рече дека поводот и стартот на потенцијална трета светска војна ќе биде токму вештачката интелигенција. Како катализатори на ваквиот процес тој ги наведува сѐ поголемите стремежи на светските сили да се наметнуваат во развојот на се посилна и покомплексна вештачка интелигенција.

Понатаму, како иницијална каписла тој го наведува начинот на кој AI функционира, односно дека превентивен напад од една од страните може да биде инициран токму од AI кој донел таква проценка на основа на податоци со кои располага.

Ваквите предупредувања од негова страна доаѓаат непосредно по изјавата на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во која тој истакна дека земјата која ќе биде лидер во развојот на AI ќе биде „владетел на светот“.

Маск често знае да го соопшти своето мислење на теми кои не се сосема во неговиот домен, но мислењето од човек од негова калибар во секој случај би требало да се чуе и анализира.

Извори: Mashable, TechCrunch

Претходна статијаWindows 10 Fall Creators Update пристигнува на 17 октомври
Следна статијаTinder го превзема тронот на Apple App Store