Фото: Shutterstock.com

Елон Маск е еден од основачите на сега доста популарната OpenAI компанијата која стои зад развојот на ChatGPT. Тој сега поднесе тужба против компанијата, како и нејзиниот директор Сем Алтман, во главно поради промената на функционирањето на компанијата.

Промената на функционирањето, според Маск, е тргањето од почетната замисла вештачката интелигенција да се развива за доброто на човештвото, а не за профит. Со почетокот на соработката со Microsoft, Маск тврди дека овој правец е целосно променет, па сега OpenAI во основа работи за профит во главно за Microsoft.

Дополнително, Маск ја критикува затвореноста на OpenAI, а тука ги вклучува затвореноста на кодот, но и на начинот на работа кој требаше да биде многу повеќе контролиран.

Минатата година во OpenAI се случуваше и мала драма кога одборот на директори ненадејно го отпушти директорот Сем Алтман, но подоцна беше вратен, а одборот сменет со нови членови, меѓу кои и од Microsoft.

Елон Маск обвинува и дека компанијата работи на развој на генерална вештачка интелигенција, нешто за кое доста луѓе предупредуваат дека може да претставува голем проблем во иднина, ако биде постигнато ова ниво.

Маск минатата година го претстави и својот конкурент на ChatGPT, Grok, направен од страна на новата негова компанија, xAI.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаGoogle Chrome добива три новини за подобро пребарување преку прелистувачот
Следна статијаGoogle не дозволува RCS пораки преку нивната Messages апликација на „рутираните“ Android телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.