По повеќе пријави од страна на корисниците, Google на крај ја потврди информацијата дека корисниците кои користат таканаречени „рутирани“ Android телефони, нема да можат да комуницираат преку RCS протоколот на Messages апликацијата.

Рутирање на Android е практика која порано многу почесто се користеше во главно како начин да телефонот се уреди според желбите на корисникот, во време кога производителите не ги средуваа своите измени на Androdi како во денешно време. Овој процес, кратко кажано, ја трга заштитата за измена на системските датотеки и овозможува инсталирање на изменети верзии на Android.

Неможноста за испраќање и примање на RCS пораки се случува дури и кога истите се означени како достапни во Messages апликацијата. Иако корисниците кои се „поспремни“ за вакви измени, имаат најдено начин како да ја заобиколат оваа блокада, сепак за повеќето RCS протоколот ќе влезе во истата категорија како банкарските апликации и слични.

Google ја потврди оваа информација и истакна дека причината поради која нема да дозволуваат RCS протоколот да функционира кај „рутираните“ уреди е заштитата од спам пораки. Според нив, голем дел од спам пораките се автоматизирани и зависат од ваквите изменети уреди.

Добро е што во денешно време многу помалку корисници го „рутираат“ нивниот уред, па бројот на засегнати е сигурно доста мал.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаЕлон Маск ги тужи OpenAI и директорот Сем Алтман за промената на правецот на компанијата
Следна статијаVisa назначува нови лидери за регионот CISSEE
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.