Фото: Shutterstock.com

Сем Алтман, директорот и лицето на OpenAI, сепак нема да стане дел од Microsoft и ќе се врати на својата позиција од која беше отпуштен во петокот. Отпуштањето на Алтман беше доста ненадејно, а како причина беше дадена неискрената комуникација со одборот на директори кои веќе ја изгубиле довербата во него.

Според информациите, тој бил информиран доста кратко пред јавната објава од страна на одборот, а исто така Microsoft биле доцна информирани, како главниот и најголем инвеститор во компанијата. Наводно Сатја Надела бил доста изнервиран за тоа, па иако тој го најави продолжувањето на соработката со OpenAI и новиот директор, на Алтман му беше понудена позиција во компанијата.

После пет дена од оваа „драма“ во една од најпознатите компании во светот изминатите година дена, Сем Алтман се враќа назад во OpenAI на својата директорска позиција.

Оваа одлука доаѓа по големи притисок кој дојде од сите вработени во компанијата кои се заканија со отказ доколку одборот на директори на си даде оставка и Алтман биде вратен назад на својата позиција, а сигурно имало притисок и од инвеститорите.

Со Алтман се враќа и ко-основачот на компанијата Грег Брокман, како и останатите вработени кои требаше со нив да работат во Microsoft.

Назначувањето на Алтман назад во компанијата доаѓа од страна на новиот одбор на директори сега составен од тројца членови. Се работи за Брет Тејлор, поранешен ко-директор на Salesforce, Лери Самерс поранешен министер за финансии во САД, како и досегашниот член на одборот Адам Дианџело.

Овој одбор има задача да ги реши деталите околу враќањето на Алтман и настантите проблеми, по што треба да биде назначен нов одбор од околу девет членови.

Враќањето на Алтман го поздрави и Сатја Надела кој се надоврза на изјавата од Алтман и истакна дека тој верува дека ова е клучен чекор кон постабилно, добро информирано и ефективно владеење со компанијата.

Засега немаме точни информации зошто се случи ова што се случи во OpenAI. Според некои извори, се верува дека Алтман почнал да ја носи компанијата во повеќе комерцијален стил на функционирање, нешто што не му се допаднало на одборот кој е назначен од страна на непрофитна организација задолжена за контрола на компанијата.

Уште поважно, се верува дека е дојдено до сомневање во начинот на функционирање на Алтман и заштитата од вештачката интелигенција, нешто за кое доста луѓе веќе цела година предупредуваат, а да не почнувам да ги пушувам и теориите кои се достапни.

Сега се очекува дека компанијата ќе функционира со помала контрола од непрофитната организација, а се очекува и поголемо влијание од страна на Microsoft кои треба да имаат и свој член во новиот одбор.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаNothing ја повлече својата Nothing Chats апликација од Play Store која требаше да овозможи iMessage поддршка за корисниците
Следна статијаSunbird, апликацијата на чија основа работеше Nothing Chats, престана со работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.