Глобалниот крем од роботската индустрија и развојот на вештачката интелигенција, предводен од генералниот директор на Тесла, Илон Маск, бара од Обединетите Нации да се забрани развојот и производството на „роботи убијци“.

Илон Маск и Мустафа Сулејман од Гугл, ги предводат 116-те врвни светски стручњаци од полето на роботиката и вештачката интелигнеција во мисијата да се забрани или барем ограничи употребата и производството на автономните оружја.

Развојот на вештачката интелигнеција и автономните борбени системи во моментов е во фаза кога почетокот на нивната практична употреба на боиштата по светот може да се очекува во наредните неколку години. Главната цел поради која воопшто ваквиот концепт се развива е боиштата да станат побезбедни места за самиот воен персонал, меѓутоа првичните проценки велат дека користењето на ваков вид оружја, во крајна линија ќе доведе до уште поголеми човечки загуби.

Во писмото преку кое лидерите од роботската индустрија бараат Обединетите нации да го забраната развојот на ваквите оружја се аргументира дека трката за вооружување може да доведе до трета револуција во војувањето, односно настанување на нова епоха, по примерот на ситуацијата која настана по појавата на барутот и нуклеарните оружја.

Конкретната дискусија се однесува на новоразвиените беспилотни летала, полуавтоматизирани тенкови и автоматски нискокалибарни топови. Овие оружја би требале, според потписниците на писмото, да се најдат на листата која последен пат беше надополнета во 1983-та година кога беа забранети хемиски и ласерски оружја.

Потписниците на писмото велат:
„Откако ќе бидат развиени, ваквите оружја ќе овозможат воените конфликти да се водат на сосема поинакво, поголемо ниво и временски поефикасно од што човекот воопшто би можел. Ова ќе бидат оружја на терор, оружја кои деспотите и терористите ќе ги користат против невина популација и ќе постои можност да бидат „хакирани“ за да се однесуваат на непосакуван начин“.

Со оглед на тоа дека врвни стручњаци и најголемите умови на нашето време стојат зад идејата развојот на ваквите оружја да се забрани или ограничи, јасно е дека истото поседува поголем капацитет кој би можел негативно да се одрази отколку што би допринел за зачувување на мирот.

Извор: The Guardian, The Telegraph

Претходна статијаEssential Phone ќе почне да се испорачува на купувачите
Следна статијаИнтервју со Томислав Рицов – 10 години Weekend Media Festival