Фото: Shutterstock.com

Ако изминатите година дена не беа доволни, формирањето на нов сектор во Microsoft дефинитивно покажува дека компанијата станува ВИ компанија, односно компанија која пред се’ ќе биде позната по работата на развојот на вештачката интелигенција.

Microsoft AI е името на новиот сектор во компанијата, а тој ќе биде предводен од страна на Мустафа Сулејман, ко-основачот на познатата DeepMind која во 2014 беше купена од страна на Google.

По одреден период на позицијата потпретседател во Google задолжен за вештачка интелигенција, Сулејман ја напушта компанијата во 2022 и ко-основа нова компанија, Inflection, која исто така работа во областа на ВИ.

Во Microsoft Сулејман ја добива позицијата извршен потпретседател и главен извршен директор на Microsoft AI. Тој станува и дел од главниот тим на директори на Microsoft и ќе одговара директно на директорот на компанијата Сатја Надела.

Заедно со Сулејман доаѓа и Карен Симонјан, која ќе биде главен научник во новиот сектор во Microsoft, а заедно со нив доаѓаат и уште неколку вработени во Inflection.

Под Microsoft AI ќе дојде секторот на Микаил Паракин, сектор кој е задолжен за развојот на Bing, Edge и Copilot.

Интересно е што никаде не се споменува Windows, што дополнително го покажува вниманието кое Microsoft го насочува кон развојот на вештачката интелигенција.

Windows секако ќе продолжи да биде развиван, но очигледно не го добива вниманието кое „фановите“ би сакале и кое одреден период го доби под водството на Панос Панај, кој сега не е чудно што ја напушти компанијата.

Microsoft веќе се обиде да формира ваков сектор во компанијата на чело со Сем Алтман, кој беше на кратко отпуштен од OpenAI, па потоа вратен.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаМесец дена со Galaxy S24 Ultra, најновото и најдоброто од Samsung
Следна статијаСо поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.