Покрај тоа што програмерите ќе можат да почнат да користат друга технологија за прелистувачи од таа на Apple од идниот месец во ЕУ, тие ќе можат да претстават продавници за апликации. Тоа значи дека корисниците во ЕУ ќе можат да инсталираат апликации надвор од App Store, па тоа наводно ќе донесе повеќе избор за нив и можности за помалите програмери.
Јасно е дека овие одлуки Apple ги носи поради новите европски закони, а не е нешто што би сакале доброволно да го направат и покрај критиките кои ги добиваат со години.
Поради тоа, уште од самата најава на промените Apple не криеше дека не се баш „среќни“ за тоа што мораат да го воведат, а ги истакнаа и можните ризици на кои се отвораат сега корисниците.
Едно од лицата на Apple, Фил Шилер, кој е на чело на секторот кој работи на App Store, како и „пријател“ на компанијата истакнат за неговиот придонес, во интервју за Fast Company ги повтори забелешките кои ги има компанијата на оваа тема.
Според Шилер, корисниците на овој начин ќе бидат отворени на поголем ризик за нарушување на нивната приватност и безбедност. Apple нема да има иста контрола врз тоа какви апликации се достапни, па корисниците ќе треба да им веруваат на компаниите и програмерите кои стојат зад другите продавници.
Сепак, Apple ќе врши одредена контрола на апликациите кои се инсталираат преку нов процес на „нотаризација“ на апликациите, па можеби безбедноста на корисниците не е до толку доведена во прашање како што се сака да се претстави.
Тоа што реално ќе стане проблем е типот на апликации кои ќе станат достапни, а сигурно може да се очекуваат тие кои биле одбивани од страна на Apple. Корисниците можат да бидат изложени на поголем ризик за нарушување на приватноста, а посебно се истакнува достапноста на апликации со „дискутабилна“ содржина.
Целиот разговор на Фил Шилер со Fast Company можете да го прочитате тука.