„Наредниот глобален лидер нема да биде оној кој ќе поседува најразорно или најкомплексно оружје, туку оној кој ќе се специјализира во технологијата на вештачка интелигенција.“ Ова го изјави претседателот на РФ, Владимир Путин пред учениците од оваа земја кои учествуваат на кариерен форум.

-Иднината ѝ припаѓа на вештачката интелигенција. Со други зборови, човекот кој речиси 20 години владее со една од најмоќните земји на планетата најави дека Русија ќе ги сконцентрира сите свои капацитети со цел да застане на чело на колоната во развојот на, во последно време се попопуларниот AI.

Во понатамошниот дел од излагањето, главата на Руската Федерација рече дека Русија не планира да го монополизира ова научно поле и дека ќе ги сподели благодетите од оваа технологија со „остатокот од светот“. (За кој точно остаток од светот се работи е тешко да се заклучи)

На истата тема се осврна веднаш по завршувањето на конференцијата и Елон Маск. Тој, како и по обичај го истакна својот скептицизам кој се базира на потенцијалните штети кои AI технологијата би можела да ги предизвика. Во неколкуте твитови тој објаснува дека причина за евентуално избивање на трета светска војна ќе биде токму натпреварувањето на големите сили во развој на AI кој пак во крајна линија би се користел за воени цели.

Извори: Engadget, RT, The Verge

Претходна статијаTinder го превзема тронот на Apple App Store
Следна статијаBeats Studio 3 се безжични слушалки со Apple W1 чип и активно поништување на бучавата