Еве еден патент кој Microsoft веројатно требаше порано да го поднесе, бидејќи трендот на отфрлување на 3,5 mm излезите за слушалки кај смартфоните не само што е почнат, туку е во одмината фаза. Како и да е, да се надеваме дека излезот за слушалки на Microsoft кој може да се стави во супер тенки смартфони ќе го здогледа светлото на денот, бидејќи и натаму поголем број на корисници на паметни телефони имаат слушалки со 3,5 mm влез, кои не планираат да ги променат наскоро.

Идејата е многу едноставна – излезот за слушалки ќе се прошири за да може да го прими влезот од слушалките и потоа, откако ќе се извадат, ќе се врати во почетната позиција. На овој начин Microsoft ни овозможува иднина во која ќе може да ги користиме нашите омилени слушалки без потреба од дополнителни додатоци и претворачи од USB Type-C или Lightning порти во 3,5 mm порта.

Патентот на Microsoft не мора да значи дека ваков излез за слушалки дефинитивно ќе видиме кај некој уред, но би можел да биде најава за тоа дека тие нема да се откажат од овој излез барем во Surface серијата на таблет-лаптопи, која е наменета за професионалците, кои пак и натаму користат слушалки со 3,5 mm излез. Исто така, ова е на еден начин најава дека таблетите и лаптопите од иднината ќе бидат уште потенки, веројатно на нивото на смартфоните, што би било навистина импресивно.

Извор: Windows Central, TechSpot, Hexus

Претходна статијаNokia 2 има огромна батерија и чини само 99 евра
Следна статијаiPhone X бил првично планиран за 2018 година