Apple само што го лансираше iPhone X на пазарот, кој е смартфон кој треба да ги врати на своите стари популарни патеки, пред се поради тоа што многу работи ги прави поразлични од претходно, односно донесува многу новитети. Сепак, според најнови сознанија, овој телефон не бил планиран за оваа година и токму поради тоа, Apple го лансираше заедно со iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Оваа информација доаѓа од Ден Ричио, кој е „виц претседател“ на Apple во делот на хардверски инженеринг и кој изјави дека со многу работа, талент и детерминација тие успеале да го лансираат овој смартфон дури 12 месеци пред првичните планови. Ова може и да се причините зошто телефонот се вика iPhone X (десет, поради десет годишнината од првиот iPhone), а не iPhone 8 како што првично очекувавме.

Интересно, според Ден, компанијата воопшто не планирала ставање на скенер за отпечатоци на прсти на iPhone X, ниту во задниот дел ниту во самиот дисплеј. Ова можеби е и лош потег, бидејќи на првите тестови на Face ID, односно системот за отклучување со лицето на корисникот, се покажува дека скенер за отпечатоци е многу полесен и поудобен начин за отклучување на вашиот смартфон. Сепак, поради тоа што телефонот бил избрзан за да може да се произведе во 2017 година, време за промени и немало, па може и тоа да е причината зошто нема Touch ID во овој смартфон.

Ден нормално продолжи со одбрана на засекот во дисплејот во горниот дел, кој според него не се забележува при секојдневното користење на телефонот, исто како што никој не дава забелешки на гризнатиот дел од јаболкото на логото на компанијата. Интересно видување, но ќе беше добро Ден да прифати дел од критиките на новинарите низ светот.

Извор: Cult of Mac, The Verge, TechRadar

Претходна статијаMicrosoft патентира супер тенок 3,5 mm излез за слушалки
Следна статијаMagic Leap набрзо ќе го лансира својот уред за холограми