60 Minutes/CBS

Елон Маск за време на интервју во емисијата „60 Minutes“ на CBS говори за актуелните случувања поврзани со него изминатиот период, како и со неговите компании. Во дел од ова интервју тој се вози во Tesla автомобил, па во еден момент ги трга рацете од воланот.

Ова не само што е спротивно на можностите на системот и како тој е замислен, туку многу сообраќајни незгоди се имаат случено баш поради ваквото однесување. Од Tesla направија доста за да се обидат да им објаснат на возачите дека Autopilot системот не е автономен систем и возачот мора цело време да ги има рацете на воланот.

Маск е критикуван поради тоа што тој прави нешто кое од компанијата долго време се обидуваат да го демотивираат како практика, па сега се очекува дека по примерот на Маск, повторно доста возачи ќе го прават истото.

Покрај ова, тој во интервјуто одговара на прашања поврзани со неговата важност за Tesla, за односите со Комисијата за хартии од вредност, односно за тоа како тој не ја почитува оваа институција и повеќе.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРCBS
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаVivo го претстави NEX Dual Display Edition – смартфон со екран на предната и задната страна
Следна статијаSamsung Galaxy S10 ќе биде претставен на 20 февруари и ќе дојде во три различни варијанти?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.