Vivo е кинескиот производител кој со својот прв NEX уред имаше интересно решение за предната камера, за да нема потреба да се направи исечок на екранот во целта да тој нема воопшто или да има што помали рамки околу него.

Решението беше многу едноставно и интересно. Камерата е поставена во самиот уред, па истата излегува по потреба. Vivo NEX беше името на овој уред, па сега Vivo ни го претстави наследникот, NEX Dual Display Edition.

Овој нов уред повторно има преден екран кој нема рамки, односно тие се минимални, а нема ни исечок на горната страна. Решението за камерата е направено на начин што NEX Dual Display нема предна камера.

Камерата, односно во овој случај, трите камери се поставени на задната страна, а за да можат корисниците да ги користат и како предни, поставен е уште еден и помал екран на задната страна.

Предниот екран е со големина од 6,49 инчи и има резолуција од 2.340 на 1.080 пиксели. Овој екран зафаќа дури 91,63% од предниот дел од уредот, а тоа секако е постигнато поради немањето на рамки, односно тие се минимални.

Екранот на задната страна е со големина од 5,49 инчи и резолуција од 1.920 на 1.080 пиксели. Двата екрани се направени со AMOLED технологијата, што значи дека може да се очекува одличен квалитет и одредени можности.

Трите камери на задната страна, кои се помогнати и од вештачка интелигенција, се со 12 мегапиксели и двојни пиксели за главната камера, втората камера за ноќно снимање и третата за 3D слики, односно проценка на длабочината на сликата.

Овој уред е од највисоката класа, а тоа се гледа и од неговиот чипсет. NEX Dual Display работи на Snapdragon 845, а има и огромни 10 GB RAM меморија, како и 128 GB меморија за податоци.

Уредот е претставен во Кина, па не е познато дали и кога би бил достапен во остатокот од светот.

ИЗВОРVivo
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаPuma претстави модерна верзија од своите RS-Computer паметни патики
Следна статијаКритики до Елон Маск за возење на Tesla автомобил без раце за време на видео интервју
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.