11615-4691-150120-Gaze-l

Apple постојано работи на иновации кои се обидуваат да го подобрат корисничкото окружување и искуство. Тие се стекнаа со патент за дигитално пенкало, просторен скенер за iPhone, систем за менување на позицијата на телефонот во случај на пад и концепт на свитлив телефон. Повеќето од патентите тие не ги вградуваат во своите уреди, но некои завршуваат на пазарот и генерално работат во полза на корисниците.

Најновиот патент кој го имаат добиено Apple од Заводот за патенти и трговски марки на САД е со број 8,937,591. Неговиот наслов е „Системи и методи за поништување на перцептивно исчезнување на подвижен индикатор“. Ова „перцептивно исчезнување“ е практично Трокслеров ефект што се остварува кога ќе се фиксираме со очите на некоја точка за гледање. Некои други стимули кои се наоѓаат околу таа точка постепено ги снемува од видното поле, што делумно се должи за механизам во мозокот кој се мисли дека е тука за да ја олесни визуелната перцепција преку стабилизација на сликата каде во центарот на видното поле.

Најновиот патент ќе ги следи очите на корисникот со камера, инфрацрвена камера и преку мерење на далечината и аголот под кој гледаат очите, за да ја менува позицијата на курсорот кој би бил управуван со очите. Менувањето на позицијата (на пример, кога корисникот ќе трепне, што ќе биде детектирано со инфрацрвената камера) ќе се случува за да се превенира исчезнувањето на курсорот поради фиксирање во некоја точка од страна на корисникот.

Ваквата иновација може да им овозможи квалитетно управување на разновидни уреди од Apple како и на Apple TV. Се` уште не е јасно како корисникот ќе потврди дека сака да го избере токму тој елемент на приказот врз кој е курсорот, но веројатно ваквата технологија е се` уште во зачеток и има време да дознаеме дали воопшто ќе го види светлото на денот во некој Apple производ.

Извор: TechCrunch, Apple Insider

Претходна статијаSkype за Windows 10: Интегриран во системот и со нов поедноставен дизајн
Следна статија1 Dot e супер заразна мобилна мулти-платформска игра