w10_pc_messaging_16x9_en-us_012115

Доколку го имате користено Windows 8 од самиот почеток, можеби се сеќавате на Messaging апликацијата која што беше тргната со 8.1 надградбата. Оваа апликација беше достапна само во модерна верзија и беше наменета како едно централно место за разговори од повеќе сервис.

Меѓутоа, таа никогаш не проработи како што треба, а фактот што беше тргната покажа дека развојот бил веќе прекинат.

Во Windows 10 оваа апликација, односно барем нејзиниот концепт, се враќаат во нова интегрирана форма каде што централното место го има Skype. Може да се каже дека Skype ќе биде поедноставен и редизајниран, како и надграден со дополнителни можности, интегриран во системот и наречен едноставно Messaging.

Овој начин на интегрирање на разговорите во еден систем кој што е дел од оперативниот систем е веќе практика на Apple и Google, па не е воопшто чудно што на таков чекор се одлучува и Microsoft.

Како што може да се види од сликата, Skype ќе биде навистина поедноставен. Корисничкиот интерфејс ќе биде поделен на два дела каде што ќе бидат прикажани контактите и разговорите и ништо повеќе.

Skype исто така ќе иде интегриран во Messaging апликацијата на мобилните телефони, па таа една вградена апликација ќе се користи за Skype разговори, повици и видео разговори, како и за SMS пораки. Поради фактот што во Windows 10 апликациите ќе бидат универзални, може да се очекува дека и преку десктоп корисниците ќе можат да испраќаат SMS пораки, меѓутоа сега за сега такво нешто не е најавено.

w10_phone_skype_9x16_en-us

Фактот што Skype ќе биде интегриран во системот значи дека веќе нема да треба да се инсталира како посебна апликација. Тоа, како и поедноставувањето на целата апликација треба да придонесе и за многу побрза работа и трошење помалку ресурси од уредот.

Извор: Skype Blog

Претходна статијаGoogle планира да стане виртуелен мобилен оператор преку мрежите на Sprint и T-Mobile
Следна статијаApple се стекна со патент кој ги следи очите и така помага при управување со уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.