ipin-apple-iphone-laser

Епл се обидува да ја држи иновативноста внатре во компанијата секогаш на високо ниво. Всушност, тие и се успешни преку иновирање и дестилирање на многу производи кои најчесто се имаат појавено претходно, но тие ги имаат доведено во форма привлечна на купувачите. Многу од иновациите воопшто не го ни гледаат светлото на денот, останувајќи во аналите на илјадниците патенти поднесени и добиени од страна на Епл.

Најновата иновација која можеби нема да биде обзнанена во јавноста е ласерски просторен скенер за (идните) Ајфони. Овој скенер има способност да ја скенира околината на телефонот и да ги дознае формите и далечините во просторијата, како и да направи слика од целата просторија ако треба.

Се` уште се шпекулира зошто му е на Епл ваквиот скенер, но може да се претпостави дека истиот ќе може да се употреби за да се направи живолико скенирање на разни градби од вистинскиот живот кои потоа можат да се пренесат во виртуелен свет со помош на корисниците на Ајфон, место дизајнерите да ги дизајнираат од почеток и целосно.

Документирањето на 3Д фотографии од разни историски објекти, мапирање на предмети внатре во музеите, мапирање на предмети за да се направи нивна копија со 3Д штампач – сите овие можности се отвораат со имплементација на ваков скенер.

Останува да видиме што имаат точно замислено од Епл со ваквата иновација и дали воопшто било кога ќе ја имплементираат во некој нивни производ (а нема да биде само за сузбивање на конкуренцијата со помош на тужби како што понекогаш знаат да прават).

Извор: IBTimes, PatentlyApple

Претходна статијаНапредок во полето на вештачка кожа – најновата има сензори за топлина, влажност и притисок
Следна статијаEU vs. Google: Во одбрана на слободниот пазар (дел 1)