15263-switch_news

Ваквата технологија веќе беше спомната, а со тоа и подобрувањата кои би ги донела. Имено, за да се покренат електрони да патуваат низ електрични водови треба одредена енергија. Ова, поради тоа што треба да се совлада отпорот на проводниците, кој се зголемува со намалувањето на нивниот напречен пресек. Колку помали се проводниците толку поголем отпор имаат и толку повеќе од електричната енергија се претвора во топлинска – нешто што го забележуваме како греење на процесорот.

Од друга страна, кога би ги преносувале сигналите по оптички пат, покрај тоа што ќе се зголеми брзината на трансфер ќе се зголеми и обемот на податоци кои можат да се пренесат, како и ќе се намали потрошувачката на енергија. Научниците од Стенфорд работеле токму на ова, создавајќи разни силиконски структури кои можат да пренесуваат инфрацрвени зраци низ нив далеку поефикасно него што се пренесуваат електрони низ жици.

Силиконот е проѕирен за инфрацрвените зраци како што стаклото е проѕирно за видливиот спектар. Сепак, за да можат да ја спроведуваат светлината требало да дизајнираат разни разводни компоненти и таканаречени оптички интерконектори. Место да ги дизајнираат самите, истражувачкиот тим дизајнирал т.н. инверзен дизајн алгоритам, во кој ги внеле потребните карактеристики кои сакаат да ги имаат силиконските компоненти, и алгоритмот самиот ги смислувал дизајните.

Без разлика што прецизноста на создавање на компонентите од силикон не им е на ниво на посветени фабрики за истото, тие успеале да постигнат функционирање без проблем, па затоа и самите велат: „Нашите процеси на производство не се ни приближно прецизни како тие кај комерцијалните фабрики за производство. Фактот што можеме да изградиме волку робустни уреди со нашата опрема ни кажува дека оваа технологија лесно ќе може да се произведува масовно во најдобрите фабрики“.

Инаку, околу 80% од енергијата употребена во дигиталните компоненти (чипови и слично) отпаѓа на ваквите интерконектори кои спроведуваат електрони. Кога би се замениле со оптички уреди би се добиле огромни придобивки од аспект на ефикасност, брзина на трансфер, цена и испуштање на топлинска енергија, па не гледаме причина ваквиот пронајдок да започне веднаш да се применува во производството на компјутерските компоненти.

Извор: Standford, Mercury News

Претходна статијаСега можете да го претворите вашиот рутер во безжичен полнач
Следна статијаGablys Locker – инвентивен начин за отклучување на вашиот компјутер