9fe30830cd172d9d55a9e705fc88ce29_original

ОК, ја знаете процедурата – седнувате на вашиот компјутер и ве чека екран за внесување лозинка. Па се думате која беше лозинката, се нервирате зошто воопшто треба да ја внесете… На ваквите маки им доаѓа крај.

Имено, Kickstarter кампањата за еден интересен автоматски отклучувач на компјутерот ветува решение за овие „маки на првиот свет“. Се работи за Bluetooth уред кој автоматски ве пријавува или одјавува од системот кога се доближувате или оддалечувате од него. За да го користите ќе мора да имате Windows 8.1 или Mac OS X 10.9, и можете да ја поддржите Kickstarter кампањата и да си нарачате еден уред за вас за 18/19 долари.

Еден Gablys Locker кој е наштиман за одреден компјутер не може да отклучи друг, па нема да има проблем со два или повеќе уреди кои би се наоѓале на истото место. Едноставно, си доаѓате до вашиот компјутер со отклучувачот во џеб, тој автоматски се отклучува и продолжувате со работа како да воопшто немало промена ниту пауза. Кога станувате компјутерот автоматски се заклучува

Мораме да признаеме дека е интересен концепт кој го заслужува нашето внимание, а цената не е воопшто голема. Секако дека ваквата работа можете да ја остварите преку некоја апликација и вашиот телефон, но зошто да го правите тоа кога веќе имате посветен уред за истата задача?

Извор: Technobuffalo, Kickstarter

Претходна статијаНа повидок замена на електронските водови во компјутерите со оптички
Следна статијаSiME се паметни слушалки кои го имитираат Google Glass