a4a7fc713c3b2b7705f67c020e1ccfbc_large

Новиот 3D принтер Voltera, кој моментално е “Kickstarter” проект, ќе овозможи принтање на електрични кола, заедно со нанесувањето на штетните пасти и хемикалии. На овој начин ќе се обиде драматично да го олесни правењето прототипи, во процесот на тестирање на новите хардверски компоненти и сл.

Принтерот работи со кондуктивно мастило со кое го принта претходно избраното коло на парчето пластика. Идејата на производот не е да ги замени големите машини за правење матични плочи, туку да им овозможи на истражувачите брзо принтање на нов дизајн без за тоа да треба да чекаат неколку недели. Притоа и да се направи грешка, ве делат само неколку минути до нова плоча!

2e29d47be7519261915ee44bf85c8b9e_large

Покрај „цртањето“ на колото, Voltera ќе може и да залеми компоненти, целосно автоматски! За таа цел има посебен дел кој има вграден калај и паста. Исто така, доколку некој дел погрешно се стави, истиот може и да се одлеми. Нешто што дефинитивно ќе им ја олесни работата на оние што сакаат електроника, а имаат недоволно мирни раце.

Voltera е инаку управувана од специјален софтвер, а содржи еден резервоар за кондуктивно мастило и еден до електро – отпорно мастило, кои се променливи. Истите се магнетно прикачени, што значи дека многу лесно ќе може да се сменат кога ќе треба да се промени процесот, односно прво цртањето на кондуктивното, а потоа на електро – отпорното мастило, со цел да може да се направи плоча на две нивоа.

1d95811357069dce93ccf8202643ed30_large

Софтверот дури и автоматски открива каде би се споиле двете кола и автоматски нанесува од отпорничкото мастило, како не би дошло до спој, во големо намалувајќи ги можностите за грешка. Исто така, софтверот ќе овозможи лесно погодување на колото на двостраните плочи, што е исто така големо олеснување.

Досега, правењето електрични кола беше навистина долготраен процес, а за посложените, неретко требаше и да се плати во некоја специјализирана продавница и да се почекаат неколку денови. Voltero, процесот на целосно правење на една цела матична плоча, го сведува на само неколку часа, а го прави и многу поевтино. Дефинитивно, еден од најкорисните Kickstarter-и годинава!

1ada6f6eb3971ae6227a858135afd560_large

eaada282e5e75d9c052036bac9ee193d_large

26eb5f965fd17c646f95754735e9ffc2_large

Извор: Kickstarter

Претходна статијаCrittercism: Android Lollipop со помалку падови на апликациите од iOS 8
Следна статијаPhorm – Хардверска тастатура директно на екранот на вашиот iPad!