phorm2-800x357

Tactus Technology, производителот кој ја претстави магичната микрофлуидна технологија, со која, по желба на корисникот, врз екранот на допир буквално може да „никне“ хардверска тастатура, со копчиња кои имаат повратен од, како кај мобилните уреди со тастатури од времето. Или нешто како лаптоп.

Нивниот прв производ е футрола за најпопуларниот таблет на светот, која на прв поглед изгледа дека е само заштитничка, се додека не се активира микрофлуидната технологија, која буквално прави врз секое копче да никнат мали меурчиња со течност. На овој начин, корисникот ќе може многу полесно да ги погоди копчињата, да ги намали грешките во пишувањето и најважно од се, да има фидбек и да се чувствува како да пишува на нормална тастатура. И најдобро од се, тастатурата е всушност софтверската која е вградена во iPad, што значи дека сите копчиња се каде што треба да бидат.

phormupclose

Phorm работи така што го полни еластичниот материјал, кој се користи и за заштита на екранот, со течност, преку специјални каналчиња. Течноста се активира со притисок, кој се постигнува преку специјално поставен лизгачки механизам, а се деактивира на истиот начин, што овозможува лесно да се пушти секогаш кога ќе излезе софтверската тастатура на iPad-от.

microfluidics-800x274

Според Tactus Technology, ваквото решение е подобро од Bluetooth тастатурите бидејќи не троши воопшто од батеријата на таблетот, а згора на тоа го заштитува од удари и е многу покомпактно. Всушност, доколку не пречи малку поголемата дебелина, футролата може засекогаш да остане на него.

Покрај сите придобивки во поглед на пишувањето, од Tactus велат дека нивната футрола ќе овозможи и високо ниво на заштита на таблетот, особено од пукање на дисплејот при пад од поголема височина. Исто така, самата футрола е детално тестирана на паѓање и гребење и според производителот, нема опасност од истекување на течноста, а и доколку се случи тоа, ќе биде многу мала количина.

Цената на Phorm футролата е 99 долари, што веројатно не е голема сума, особено ако се знае дека има футроли без никаква технологија кои чинат скоро толку. Првата количина се очекува да пристигне на лето оваа година.

Извор: MacRumorsEngadget

Претходна статијаVoltera: Матична плоча за неколку минути
Следна статијаGoogle наскоро ќе ви нуди детални описи за разни медицински појави