Наместо само уште една понова верзија со понови компоненти, Microsoft на вчерашниот настан претстави целосно нова верзија од Surface Laptop која го позајмува форматот и начинот на користење од Surface Studio „се во едно“ компјутерот.

Соодветно, новиот лаптоп е наречен Surface Laptop Studio и неговата главна карактеристика е можност да се постави екранот над тастатурата, како и целосно врз неа и со тоа да се добие одлична позиција за користење на уредот со електронско пенкало, исто како што е случајот со Surface Studio.

Иако на нас овој формат на користење не би ни бил нешто посебно корисен, сепак не може да не се забележи колку одлично изгледа и колку ќе им се погоди на „креативните корисници“.

Што се однесува до останатите карактеристики, Surface Laptop Studio е лаптоп компјутер од највисоката класа, односно уред наменет за професионалците чија работа бара да се има моментално најдоброто на пазарот.

Surface Laptop Studio има 14,4 инчен екран со стапка на освежување од 120 херци и резолуција од 2400 на 1600 пиксели. Достапни се два Intel процесори од 11-тата генерација, односно i5-11300H и i7-11370H. На ова треба да се додаде меморијата од 16 или 32GB RAM и до 2TB простор за податоци.

Како и останатите Surface уреди претставени вчера, екранот е со допир, што значи дека може да се користи со новото Surface Slim Pen 2.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSurface Pro 8 го донесува одличниот дизајн од Surface Pro X и екран со стапка на освежување од 120 херци
Следна статијаSurface Duo 2 ги задржува двата екрани и ги донесува карактеристиките кои фалеа кај првиот модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.