Враќањето на Microsoft на пазарот на мобилни телефони дојде преку Surface Duo кој работи на Android и има два екрани. Иако овој телефон изгледаше одлично за време на презентацијата, сепак високата цена и просечните карактеристики го направи не доволно привлечен.

Втората генерација која од компанијата ја претставија на вчерашниот настан го прави овој телефон многу попривлечен и дефинитивно може да се каже дека им конкурира на уредите со екран кој се превиткува, па зависно за каква намена се купува, може да е и подобар.

Surface Duo 2 е очигледно дека е наменет за корисниците кои би сакале да можат да работат преку својот мобилен телефон, а не тие кои цело време во главно сликаат слики за објава на друштвените мрежи.

Двата екрани овозможуваат многу повеќе можности за работа, односно ги трга недостатоците на помалиот екран кој го имаат мобилните со поставувањето на две апликации една до друга или проширувањето на една на двата екрани.

Microsoft посебно внимание посветува на можностите кои ги овозможува Surface Duo 2 за користење на Microsoft 365 сервисот, Microsoft Teams, читањето книги со Kindle, неколку уникатни можности при поделба на апликации како TikTok на двата екрани, а тука е и посебната можност за играње со користење на едниот екран како контролер.

Оваа година телефонот дури има и заоблен дел од екранот кој кога е затворен уредот може да прикажува кратки информации од страната, како што се известувањата, колку е полна батеријата и слично.

За повеќето можности на Surface Duo 2 веќе знаевме и со минатиот модел, затоа тоа што посебно се истакнува оваа година се карактеристиките кои овој пат не се просечни.

Surface Duo 2 работи на Snapdragon 888, има 8GB RAM и до 512GB простор за податоците. Екраните се со големина од 5,8 инчи кои кога ќе се отворат овозможуваат дијагонала од 8,3 инчи. Направени се со AMOLED технологија и имаат резолуција од 1344 на 1892 пиксели посебно и имаат стапка на освежување од 90 херци. Не е одлично како стапка од 120 херци, но дефинитивно подобро од стандардните 60.

Оваа година посебно се истакнува и додавањето на камери за кои вреди да се пишува и кои ќе можат да им конкурираат на останатите на пазарот. На задната страна се поставени три камери со 12 мегапиксели кај главната камера со f/1.7, 12 мегапиксели кај телефото камерата и 16 мегапиксели кај ултра широката камера.

Предната камера доаѓа со сензор со 12 мегапиксели и f/2.0, а повторното постоење на големи рамки на горната и долната страна од екраните, овозможува и поставување на две „флеш“ сијалички.

Surface Duo 2 ќе се продава по цена од 1500 долари, што е за 100 повеќе од ланскиот модел, но овој пат дефинитивно може да се каже дека цената вреди, барем за тие кои овој уред навистина ќе им го подобри корисничкото искуство.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSurface Laptop Studio го донесува одличниот Surface Studio во лаптоп формат
Следна статијаЛетна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.