Sharp-85-inch-Super-High-resolution-Prototype-TV

CES2014 настанот полека се претвора во натпревар помеѓу производителите на телевизори, односно натпревар во тоа кој ќе претстави поголем телевизор со поголема резолуција. Иако Full HD телевизорите со 1920 x 1080 резолуција се суште актуелни, оваа година на CES почнаа да бидат претставувани наредната генерација на телевизори со 4К резолуција, односно 3840 x 2160 пиксели, за кои што сеуште нема достапна содржина, покрај малиот број на тест содржини. Сепак ни Full HD содржината не е сеуште целосно распространета секаде во светот, односно кај телевизиските канали.

Sharp отиде подалеку и од овој нов тренд, па претстави телевизор со 8К резолуција, односно 7680 x 4320 пиксели. Истиот има можност за гледање на 3D содржина без потреба од користење на очила, а од Sharp тврдат дека сликата е навистина живописна. Како и што би било очекувано, ова е само прототип кој што ги покажува можностите на достапната технологија денес, па сеуште не е одредена дата на продажба, како и цената која би ја имал овој телевизор.

Дали телевизорите над одредена големина и резолуција имаат реална примена или се само начин за нудење нешто различно од конкуренцијата, а и за луѓето што немаат против да купуваат се што излегува на пазарот, останува да видиме. Ова е прашање посебно за 8К резолуцијата, поради фактот што просечната оддалеченост на гледање на телевизија е поголема од таа потребна за овие огромни резолуции да почнат да прават разлика. Тука е и достапноста на содржина со ваква резолуција, која што е многу ретка.

Претходна статија3D принтери – нова технологија со голем потенцијал
Следна статијаAudi претстави 12,3 инчен екран, како шалт табла за идните автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.