iphone-6-03

Околу тенкоста на преносните уреди, особено на мобилните телефони, веројатно веќе никој не може да се пожали. Тие се веќе многу тенки, лесни и преносни, а нивната големина зависи во главно од големината на екранот.

Екраните на повеќето телефони кои се наоѓаат на пазарот моментално се комбинација од две компоненти: LCD екран и над него површина која е осетлива на допир и која работи на принципот на менување на електричниот потенцијал со помош на делови од нашето тело (најчесто прстите).

Ваквата комбинација предизвикува екраните да бидат малку подебели од што би можеле да бидат, па оттука и самите уреди исто така. Од друга страна во Sharp, познатиот производител на телевизори и друга електроника, работат на LCD екрани кои имаат интегриран екран осетлив на допир директно во нив.

Ова ќе придонесе за намалување на нивната дебелина, а со тоа намалување на дебелината на преносните уреди кои ги имаат, за намалување на цената на чинење за производство на екраните, како и за намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Од Sharp би сакале овие екрани да ги најдат не само во мобилни телефони туку и во монитори, таблети како и други уреди кои имаат потреба од нив. Дополнително, тие работат и на екрани со „слободна форма“ како и на екрани со многу мала потрошувачка, па изгледа дека наскоро ќе бидеме сведоци на подобрување на екранската електроника која доаѓа од нив. Инаку, Sharp ги дизајнираше и произведе екраните за iPhone 6 и iPhone6+ како дел од нивното огромно портфолио.

Извор: TechCrunch, Tech Times

Претходна статијаDARPA работи на вештачки бактерии за нашиот дигестивен систем
Следна статијаWiFi сигналот искористен за броење луѓе