e-coli

Понекогаш кога ќе посетите странска земја или кога ќе изедете нешто непријатно по вашиот систем за варење ви се случува „хаос“ во него. Можеби дури имате и нагон за повраќање или мачнина. Често ова се случува поради разни штетни микроорганизми кои добиле шанса да се развијат кај вас во желудник или во цревата.

За ваквите ситуации на помош доаѓаат DARPA кои вложија 4,7 милиони долари во Wyss Институтот при Харвард за истражувачка работа во насока на создавање вештачки бактерии кои би ги земале како апче, и кои би се бореле против лоши микроорганизми внатре во системот за варење.

Бактериите ќе имаат двојна функција. Од една страна, ако има некои конкретни микроорганизми за кои тие се создадени при исфрлање на изметот ќе се „обојат“ и докторот ќе знае за кое заболување станува збор. Од друга страна, тие самите ќе бидат така создадени да ослободуваат некој специфичен отров кога ќе дојдат во допир со лоши микроорганизми и така активно ќе се борат против најразличните колонии кои се населуваат во внатрешнината и ни прават проблеми со варењето.

Бактериите ќе бидат направени така да можат да се активираат само во присуство на хемискиот состав кој постои во системот за варење за да нема опасност дека ќе имаат негативен ефект по околината кога ќе се исфрлат.

Зошто ова би им требало на DARPA? Замислете колку војници од огромната армија на САД се соочуваат со стомачни проблеми и веднаш ќе го видите интересот од вложување во вакви истражувања.

Извор: TechTimes, CNet

Претходна статијаOnePlus 2 ќе има подобрен Snapdragon 810 процесор
Следна статијаSharp работи на потенки екрани осетливи на допир