dualdrive-LP-header

SanDisk оваа недела претстави интересен производ наменет за зачувување и префрлување на фајлови од Android мобилен или таблет на PC или Mac компјутер. Наречен Ultra Dual USB уредот претставува мал USB стик кој што од една страна има стандарден USB 2.0 конектор, а од другата страна microUSB конектор каков што можете да најдете на Android уредите. Работи во комбинација со SanDisk Memory Zone апликацијата која што е достапна во Play Store и претставува апликација за разгледување на фајловите на телефонот и било која вклучена мемориска картичка (File Explorer апликација).

Кога уредот ќе биде поврзан со некој од поддржаните Android уреди, апликацијата автоматски се вклучува. Истата овозможува прегледување на фајловите на мобилниот, мемориска картичка поврзана на мобилниот, Ultra Dual USB уредот, како и фајлови на некој од вашите cloud сервис како Dropbox. Преку апликацијата можете да вршите префрлување на фајловите од вашиот уред на Ultra Dual USB уредот, како и да правите backup на целиот уред. Преку стандардниот USB конектор, уредот потоа можете да го поврзете на вашиот компјутер и да ги преземете префрлените фајлови.

memory-zone

Ова можеби не изгледа како многу корисен уред, посебно кога користите cloud сервис или обичен USB кабел. Меѓутоа во ситуации кога префрлате поголеми фајлови или можеби се наоѓате во ситуација кога немате интернет конекција, овој уред може многу добро ви се најде.

SanDisk Ultra Dual USB доаѓа во верзии со 16, 32 и 64 GB капацитет и цена од 19,99 до 49,99 долари. Работи со Android уреди кои што имаат поддршка за On The Go (OTG), а дел од тие се поголемиот број на популарни модели како, HTC One, Huawei Ascend D2, LG G2, Samsung Galaxy S 2, 3 и 4 и други.

http://www.youtube.com/watch?v=pNk-feu0CvQ

Претходна статијаПоголем капацитет на литиум-јонските батерии со користење на германиум
Следна статијаИднината почнува сега: Роботи кои ќе ги гледаме во 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.