germanium-batteries

Тим од научници од Универзитеот Лимерик во Ирска, веруваат дека успеале да пронајдат начин како да го дуплираат капацитетот на литиум-јонските батерии. Тајната за нивниот успех е зголемување на капацитет на батериите со користење на нано-цевка изработена од германиум.

Постоечките литиум-јонски батерии се базираат главно на графит, иако силициумот наоѓа се почеста примена бидејќи овозоможува зголемување на капацитетот за 20%. Графитот, иако е докажан како солиден матерјал за оваа намена, сепак тој го ограничува капацитетот на батериите.

Поведени од ова научниците, предводени од др. Кевин Рајан, пронашле начин да го заменат графитот со друг елемент. Тие се одлучиле за германиумот, кој е сличен на калајот и силициумот. Германиумот како елемент, не е многу погоден за електрично полнење бидејки значително се проширува при само неколку циклуси на полнење, за на крајот и цел да се распадне. Можеби, затоа и досега неговата употреба се сметала за ограничена. Сепак, Рајан и неговиот тим успеале да ги надминат овие предизвици со помош на нанотехнологијата.

kevin-rayan

Тие се решиле за реструктуирање на германиумот со користење на нано-цевки за да креираат порозен матерјал кој останува стабилен за време на полнењето. Всушност, не само што на овој начин германиумот станува стабилен, туку и го продолжува животниот век на литиум-јонските батерии. Денешните батерии од овој тип се ограничени на стотици циклуси на полнење, а со овој изум, истата бројка се зголемува на илјадници циклуси.

Овој вид на “нови” батерии кога ќе продрат на пазарот, нивната употреба ќе биде широко опфатна – од паметните телефони, преносните компјутери, па се до електричните автомобили.

Претходна статијаMicrosoft размислува да овозможи инсталирање на Android апликации на Windows и Windows Phone
Следна статијаПрефрлување на фајлови од Android со SanDisk Ultra Dual USB