Замислете модна недела на која ќе се презентираат различни видови роботи. Чудно дури и по малку смешно, но во блиска иднина можеби ќе биде и вистинито. Со напредокот на науката и развојот на интелигентни роботи, 2014 би можела да биде година на остварувања на ова поле.

robots1

Најавени се многу интересни роботи за различни намени како забава, навигација, роботи корисни за секојдневниот живот, но и роботи кои пружаат помош.

Една ваква интересна иновација е роботот QB. Тоа е робот кој овозможува виртуелно присуство и е произведен од страна на AnyBots. QB далечински се контролира и неговата намена е да овозможи виртуелно присуство на места каде физички не може да се присуствува. Можноста која ја нуди овој робот е на пример директорот на една фабрика, да врши далечинска инспекција без да биде присутен во фабриката.

robots2

Друг интересен помошник за нашето секојдневие е роботот UBR-1. Идејната намена на овој робот е замена на човекова ангажираност во различни сфери од секојдневниот живот. Секојдневните обврски во фабрики, складишта, супер маркети и разни други установи може да ги извршува UBR-1.

robots3

За лица со слабост во долните екстремитети на помош доаѓа Ekso. Ekso е одело кое им овозможува на парализираните лица да застанат и да се движат нормално. Ова е постигнато така што тежината на корисникот ги активира сензорите во уредот и тие иницираат движење. Мотор на батерии ги движи нозете со што ги заменува дефицитарните нервни функции. Иако е во почетна фаза се очекува да игра големa улога при рехабилитација.

robots4

Има добра вест и за домаќинствата. Neato е нај развиената робот правосмукалка во светот. Оваа правосмукалка пред да направи потег истражува и ја мапира целата соба вклучувајќи мебел, предмети и влезови. Откако една соба е мапирана овој робот ги чисти сите нечистотии според план, не повторувајќи веќе поминати места. Додека чисти правосмукалката, сензорот поставен на неа скенира, со што се овозможува избегнување на пречките кои може да се појават како мебел, скали, ѕидови или домашни миленичиња.

robots5

Но постојат и роботи кои служат за забава. Еден таков пример е Romibo. Тоа е социјален робот кој служи за дружење и учење, посебно корисен за лицата со посебни потреби и деца со аутизам. Со симпатичниот дизајн, можноста за движење, правење гестови и следење на лица овој робот е посебно атрактивен кај децата.

Има уште многу роботи како Keecker кој овозможува забава и комуникација,  Orbotix Sphero 2.0 топка робот дизајнирана за забава и игри, Double робот наменет за телеконференции и многу други за кои допрва ќе слушаме и ќе се радуваме на нивната функционалност и корисност.

Претходна статијаПрефрлување на фајлови од Android со SanDisk Ultra Dual USB
Следна статијаThe Dash, првите паметни слушалки