Paper-2000px-2_500288

Принтерите се неизбежен дел од скоро секоја канцеларија, а некои луѓе ги користат и за печатење на некои поважни фотографии. Сепак, мора да се сложиме со фактот дека нивниот дизајн и белата пластика најмногу не потсетуваат на стари и задимени канцеларии… Да, има и црни модели, но нивниот дизајн и натаму е преспартански, преобичен. Како на технологија од 90-тите години.

Лично, имам еден таков принтер по дома, кој го кријам под работната маса на компјутерот, бидејќи не одговара со ништо друго на масата. Особено не со LED осветлувањето во боја и гејмерските маус и тастатура. Но, еден човек со име Лудвиг Ренш, претстави нов дизајн на принтер, кој го нарече Paper и кој искрено дури би се одлучил да го ставам и во дневната соба.

Paper-2000px-4_500303

Неговиот дизајн не е само принтер – има функција и на скенирање и копирање, што значи дека нема да мора да ги користите своите телефони ако сакате да испратите некоја “лошо фотографирана” копија од некој документ на email. Интересно, “Paper” има хартија во ролна, што значи дека нема да мора да искористите цел лист за неколку реда текст – принтерот секогаш зема толку хартија колку што му треба. Исто така, овој принтер стои исправено, што значи дека нема да зафати половина од драгоценото место на вашата работна маса. И сето ова е вклопено во тело кое може да засрами и некои одлично дизајнирани компјутери и лаптопи.

За жал, “Paper” засега е само концепт и веројатно нема да го видиме на нашите работни маси наскоро. Штета, зошто навистина одлично би прилегал покрај некој нов лаптоп или таблет/лаптоп како MacBook или Surface Pro 4. Или пак iMac „се во едно“ компјутер.

Извор: The Verge, BoingBoing, Treehugger

Претходна статијаSamsung Galaxy S7 го надмина iPhone 6S во продажба во САД
Следна статијаНовиот Moto E има поголем 5 инчен HD дисплеј, водоотпорност и исклучително ниска цена