motoe-ed

Lenovo (сопственикот на Motorola), ја претстави новата генерација на најевтиниот модел во Moto понудата со буквата “E”, кој има неколку новитети што го прават многу поконкурентен на кинеските телефони, но и натаму има прилично ниска цена.

Најважен скок е веројатно оној на 5 инчен дисплеј со солидна HD резолуција од 1280х720 пиксели и Gorilla Glass 3 стакло отпорно на отпечатоци од прсти – претходникот имаше дисплеј со големина од само 4,5 инчи. Изработката сепак и натаму е од пластика – не очекувајте метал од толку евтин паметен телефон.

Screenshot_1

Од Lenovo велат дека новиот Moto E има и побрз процесор со четири јадра, но без точна спецификација за кој чип се работи (и Snapdragon 820 има четири јадра, но секако не очекувајте да е тој чип – претпоставувам дека се работи за Snapdragon 410). Исто така, нема информација за тоа колку простор за складирање има во телефонот (се сомневам дека ќе биде повеќе од 16 GB), но знаеме дека има простор за micro SD картичка.

Камерите се исто така подобрени – задната има 8 мегапиксели, додека предната прилично солидни за класата 5 мегапиксели. Батеријата има капацитет од 2.800 mAh, што не делува многу, но од Lenovo тврдат дека е доволно за цел ден користење без да треба да го приклучите телефонот во штекер или пак на некој “powerbank”. Интересно, Moto E е и отпорен на вода, но само на прскање, односно истурање – не планирајте да го земете со вас наредниот пат кога ќе пливате. Сепак, многу корисно за оние неспретните на кои често им се истураат пијалаците на масата.

motoefinal

Во почеток, Moto E ќе се понуди во Велика Британија по цена од 99 фунти за целосно отклучен модел, што поради падот на нивната валута по “Brexit”, значи дека чини само 119 евра. Сепак, останува да видиме дали воопшто ќе биде понуден на останатите пазари во Европа, меѓу кои и нашиот и дали ќе ја задржи толку ниската цена.

Moto E инаку доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0 без дополнителен скин, со ветување за брзи надградби, што може да биде голем адут против кинеската конкуренција, која пред сѐ се ослонува на понудата на помоќни спецификации, но има постари и помалку безбедни верзии на Android и скоро никогаш не пушта надградби за нив.

Извор: Engadget, The Verge, CNET

Претходна статијаPaper е принтер кој не изгледа како „грдите“ бели машини од канцелариите
Следна статијаНајновата верзија на Google Keyboard донесува поддршка за повеќе теми