zotac

Онлајн RPG игрите, како Dota 2 и League of Legends, не бараат премногу моќни графички картички, бидејќи и немаа којзнае колку добра графика, но затоа играчите на вакви игри бараат најбрз можен одговор на командата што ја задаваат.

За нив, Nvidia ја лансираше специјалната графичка картичка GTX 950, која е наменета за такви игри со брза акција и која донесува до 50% побрз одговор на командите во однос на својот претходник, GTX 650. Со новата графичка, Dota 2 може да се игра на исклучително мазни 138 фрејмови по секунда, додека одговорот на командите е брзи 45 милисекунди.

Графичката целосно го поддржува новиот DirectX 12 стандард во Windows 10, што значи дека во иднина се очекуваат уште поголеми подобрувања во перформансите, секако со игрите кои го поддржуваат овој стандард.

Инаку, GTX 950 има 768 CUDA јадра кои работат на 1188 GHz и е изработена врз новата Maxwell архитектура на Nvidia. Покрај подобрувањата во игрите, без проблем може да вози и 4K видеа, енкодирани во новиот H.265 codec, кој донесува многу помали датотеки, без загуба на квалитетот на видеото, две работи што се од исклучителна важност кај Ultra HD стандардот.

Цената на GTX 950 изнесува 159 долари, што веројатно не е многу за зависниците од MOBA игрите, кои се најбројни во гејминг светот.

Извор: Venture Beat

Претходна статијаНовиот Dell Alienware 18 е чудовиште од лаптоп
Следна статијаИстражувачите од МИТ создадоа 3Д печатач на стакло